Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Анкета:Најголеми проблеми се корупцијата, криминалот и судството – државата оди во погрешна насока

 Народот го кажа своето мислење – ниту мислат дека Македонија се движи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Народот го кажа своето мислење – ниту мислат дека Македонија се движи во добра насока, ниту веруваат дека премиерот ќе ја подобри економската слика во државата, ниту пак имаат надеж дека нешто ќе се промени наскоро. Накратко ова се резултатите од вториот дел од анкетата на МКД.мк.

Резултатите покажуваат дека само 10 проценти од испитаниците сметаат оти земјата се движи во позитивна насока, “стои во место” одговориле 24 проценти, не знам 3,8, додека пак негативно мислење дале дури 62,3 отсто.

На прашањето Дали очекувате во наредните 6 месеци вашиот животен стандард да се подобри позитивно одговориле само 20,3 отсто, да остане ист одговориле без малку половина односно 43,4, а да се влоши 36,4 проценти од испитаниците.

Реклама

Дека Ковачевски пред да му заврши мандатот економски ќе ја оправи Македонија, испитаниците речиси и да не веруваат. Негативно се изјасниле 67,8 проценти, позитивно 19,3, а не знам одговориле 13 проценти.

Како главен проблем во Македонија, анкетата покажува дека се’уште рак рана на општеството е корупцијата и нефункционалноста на системот. А и криминалот кој цвета цврсто го држи првото место.

„Нефункционирање на правниот систем/криминал и корупција – 21,4 %

Намалена стопанска активност – 19,5 %

Невработеност – 12,5 %

Инфлација – 11,5 %

Зголемување на цените на струјата и нафтените деривати – 7,1 % “

Проблемите со блокадите со Бугарија, одлговлекувањето на почеток на преговорите за влез во Унијата, како и низата на нови уцени кои ги трпи Македонија за да стане член на европското семејство, се повеќе го зголемуваат евроскептицизмот во државата.

„Дали верувате дека Македонија ќе стане членка на ЕУ?

Не – 55,7 %

Да – 33, 8 %

Не знам – 10,6 проценти “

Позитивен став во врска со уставните измени за запишување на Бугарите во Уставот имаат 20%  од испитаниците, додека негативен став имаат приближно половина или 48,7%. Од сите оние испитаници кои немаат позитивен став, 42% би поддржале уставни измени доколку ЕУ даде  цврсти гаранции за зачувување на македонскиот јазик и идентитет.

За политичкото мерење на силите на партиите, во првиот дел од анкетата беше објавено дека доколку утре се одржат парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ има убедлива предност пред другите политички партии односно 21,8 проценти, а лидерот на партијата Мицкоски ужива и најголема доверба кај граѓаните, неговиот рејтинг е 11 проценти, додека на премиерот Ковачевски му 8,2 отсто. Трет е Али Ахмети со 5,1 , Димитар Апасиев пак ужива доверба кај четири проценти од граѓаните.

Анкетата е споведена телефонски од Маркет вижн за потребите на МКД.мк на 1200 испитаници во периодот од 6 до 16 февруари.

Мери Симоновска