Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Андоновски: Растојанието меѓу Македонија и Индија да не го мериме во километри, туку преку силата на нашата соработка и резултатите што заеднички ги постигнуваме

Растојанието меѓу Македонија и Индија да не го мериме во километри, туку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Растојанието меѓу Македонија и Индија да не го мериме во километри, туку преку силата на нашата соработка и резултатите што заеднички ги постигнуваме, порача министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во обраќањето од Македонско-индискиот бизнис форум што се одржа денеска во Скопје, во присуство на претседателките Гордана Сиљановска-Давкова и Друпади Мурму.

-Дигитализацијата ги намалува растојанијата, ги намалува трошоците, ја зголемува довербата и обезбедува границите да не да не станат препрека за развојот на знаењето и споделувањето на знаењето. Нашите земји имаат заедничка врска преку нашата хероина Мајка Тереза, но денешниот деловен форум е можност да се претвори добрата волја во партнерство. Индија покажа дека дигиталната трансформација може да се гради како јавна инфраструктура, рече Андоновски.

Тој ги претстави можностите за продлабочување на партнерството во областа на дигиталната трансформација, а како конкретен прв чекор, тој го претстави предлог-проектот за унапредување на македонскиот Централен регистар на население, за кој е предложена поддршка од Фондот за развојно партнерство Индија–ОН.

Реклама

-Проектот ќе овозможи поврзување на клучните матични евиденции, подобрување на квалитетот на податоците со примена на вештачка интелигенција и развој на аналитички алатки за креирање политики засновани на докази, посочи Андоновски.

Тој ги повика индиските компании и инвеститори да ги препознаат можностите што ги нуди Македонија и да инвестираат во дигитализација, вештачката интелигенција, сајбер-безбедноста, финансиските технологии, Cloud решенија и дигиталните вештини.

-Македонија располага со стручен кадар, конкурентна деловна средина и стратешка положба што го поврзува Западен Балкан со поширокиот европски пазар. Целта е јасна: нови инвестиции и партнерства, побрзи услуги, помалку административни обврски и конкретни придобивки за граѓаните и компаниите, нагласи министерот во обраќањето од Македонско-индискиот бизнис форум.