Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Андоновски: Блокадата на измените на Изборниот законик го оневозможи олеснувањето на гласањето на дијаспората

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска изрази жалење што не беа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска изрази жалење што не беа усвоени измените на Изборниот законик со кои, како што рече, требало да се овозможи полесно гласање на македонската дијаспора, оценувајќи дека на тој начин практично се ограничува едно од основните уставни права на иселениците.

Според министерот Андоновски, граѓаните кои живеат во странство имаат законско и уставно право да гласаат, но постојниот систем значително го отежнува неговото остварување.

-Тие по закон и Устав го имаат тоа право. Да патувате илјадници километри два пати за да можете да гласате на определени избори навистина претставува скратување на тоа право – изјави Андоновски денеска во Крушево на отворањето на новиот Центар за електронски услуги за граѓаните.

Реклама

Министерот нагласи дека во претходните политички разговори не постоело принципиелно спротивставување на идејата за гласање на дијаспората, туку главно се дискутирало за моделите според кои тоа би се спроведувало.

-Ние се обидовме за дијаспората да го овозможиме овој вид на гласање и изненадува фактот што и на разговорите кои што претходно сме ги имале како политички партии, никој не го спречувал или никој не го опонирал гласањето на дијаспората, само се дискутирало околу модалитетите. Ние дозволивме овој пат секакви модалитети – дали ќе биде електронско гласање, со верификација на граѓаните и нивна претходна регистрација, дали ќе биде гласање по пошта. Но, за жал не постоеше разбирање од страна на опозицијата за гласањето на дијаспората – рече министерот Андоновски.

Тој додаде дека поради тоа, законското решение останува непроменето, а рокот предвиден во рамки на Реформската агенда веќе е поминат.

Сепак, Андоновски изрази надеж дека во иднина ќе продолжат разговорите за ова прашање и ќе се најде решение што ќе им овозможи на иселениците полесно да го остварат своето избирачко право.

-Се надевам дека во иднина ќе продолжиме да дискутираме на овие теми, ќе овозможиме гласање на дијаспората, затоа што тие луѓе тоа го заслужуваат, тие се луѓето што вложуваат во оваа држава. Имаме дознаки секоја година кон нивните семејства,  кон нивните мали бизниси кои ги отвораат тука во Македонија и не треба да ја забораваме дијаспората – истакна министерот Андоновски.