Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Андоновска: Оние кои оставија распадната држава, систем и институции креираат хистерија, а од друга страна Владата ги презема сите мерки што требаше да ги преземе општина Гостивар

,,Во однос на контролата и надлежноста на институтот, самите обвинувањата се неосновани,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

,,Во однос на контролата и надлежноста на институтот, самите обвинувањата се неосновани, мотивот за сето тоа мислам дека знам од каде доаѓа, од причина што оние кои оставија една распадната држава, еден распаднат систем, распаднати институции, нема пора во општеството коешто ја оставија функционална”, вели Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Институтот за јавно здравје во гостувањето на една од националните телевизии во однос на обвинувањето на опозицијата за водата за пиење во Гостивар.

Еве, посочи Андоновска, јас тргнувам од мојата институција каде што првиот ден кога дојдов, дојдов во време, не на прогласена епидемија во еден град како сега, јас дојдов кога беа прогласени епидемии и во Куманово и во Скопје, пертусис.

„Еден реагенс немаше. Замислете еден реагенс за да можете да дијагностицирате дали некој има пертусис или не, за да му дадете соодветна терапија. Истите тие коишто ги создаваат и креираат проблемите, што прават хистерија во моментов, оставија во Институтот десет тони хемиски опасен отпад во кругот на Клинички центар, непрописно складиран, со паднат покрив каде што самиот отпад веќе почнал да испарува и, веројатно, можел да создаде одредени здравствени проблеми како што кажуваат стручните лица. Значи, можело да настане и хаварија и експлозија од невидени размери“, истакна Андоновска.

Реклама

И сега видете, додаде таа, тие истите лица коишто ги креирале проблемите, којшто го распаднале системот, денес обвинуваат и тоа за повторно да дефокусираат од вистинските причинители.

Андоновска потенцираше дека што е најважно во овој момент е да престанат со хистеријата што ја прават, бидејќи на никого оваа хистерија не му помага, ниедно решение не дале, со ништо не придонесуваат освен што во моментот креираат хистерија.

„Додека од друга страна Владата ги презема обврските што треба да ги има општината за да формира кризен штаб, се вклучуваат многу институции за да можат, што е најважно, да се стабилизира здравствената состојба и граѓаните да добијат вода за пиење. Јас верувам дека институциите ќе останат фокусирани, нема да бидат дефокусирани од овие неаргументирани напади и ќе ја стабилизираат состојбата, а во иднина и ќе го стабилизираат целокупниот систем распаднат систем којшто ни го оставија“, рече Андоновска.