Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Амандманска расправа за Предлог-измените на Законот за студентскиот стандард на матичната собраниска Комисија

Неколку амандмани за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неколку амандмани за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, кој се носи по скратена постапка се на дневен ред денеска на 32. седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт.

Станува збор за шест амандмани, поднесени од пратеничката група на ДУИ, а амандманите се и на дневен ред на денешната седница на Законодавно-правната комисија.

Собраниската комисија за образование, наука и спорт на седницата на 16 јули заклучи дека Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, по скратена постапка, е прифатлив и го проследува на натамошно читање.

Реклама

Предлагачи на законот се пратениците Даниела Христова, Каролина Насковска, Иванка Василевска и Велика Стојкова-Серафимовска.

Со законските измени меѓу другото право на сместување во државен студентски дом ќе имаат студенти кои не навршиле 30 години на денот на поднесување на барањето, се воведува забрана за користење на услугите на државните студентски домови во времетраење од 1 до 5 години за потешки прекршоци, а санкции се предвидени за пушење во собите, консумирање алкохол и недозволени супстанци, оштетување на инвентарот, како и за агресивно, насилничко или навредливо однесување кон студентите и вработените.

Пратеничката Христова на седницата на 16 јули рече дека со предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард се дополнува условот за сместување и исхрана на студентите во државните студентски домови, така што се дефинира старосната граница за прием во студентски дом и се доуредува постапката за изрекување воспитни мерки за студентите доколку не се придржуваат до куќниот ред на домот.

– Измените се однесуваат на член 24 став 1, каде што по зборот „живеење“, се става запирка и се додаваат зборовите: „а кои не навршиле 30 години на денот на поднесување на барањето за прием во државен студентски дом“. Со овој член се прецизира старосната граница за прием во студентски дом со цел да не се прават злоупотреби и во домовите да се сместуваат оние на кои навистина им е потребна ваква поддршка. Се менува и членот 27, кој се однесува на придржување на куќниот ред во студентските домови, така што на оние студенти што не се придржуваат може да им се изрече воспитна мерка, писмена опомена, опомена пред отстранување и забрана за користење на услугите во студентските домови на целата територија на Република Македонија и забраната може да биде од една до пет години – рече Христова.

Додаде дека целта на измените на законот се обезбедување поголема правна сигурност, заштита, безбедност во домовите и условите за престој.

Комисијата на таа седница не прифати шест амандани поднесени од пратеникот Сали Мурати од Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија, со кои, меѓу другото, бараше исклучок од возрасната граница за лица со попреченост, како и да се утврди правото на студентот да поведе управен спор пред Управниот суд за да му се отвори патот до Европскиот суд за човекови права.