Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Агим Абдула, режисер на „Кома“: Ова е филм за публика што сака со вистинско трпение и внимание да гледа филмски дела

Филмот „Кома“ на режисерот Агим Абдула вчеравечер ја имаше својата фестивалска премиера…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филмот „Кома“ на режисерот Агим Абдула вчеравечер ја имаше својата фестивалска премиера на “Преку езерото” во Дојран. Ова филмско остварување го карактеризира бавно темпо и долги сцени, кои, како што рече режисерот, потекнуваат од времето кога студирал филмска режија во Иран.

-Имав чест и привилегија да студирам режија во Иран и тоа беше намерата,  да се види печатот од моите студии во времето кога учев таму и во едно мое филмско дело. Ова не е филм погоден за широка публика, но сакав да се гледа печатот од школото од кое доаѓам. Филмот е наменет за филмска публика, за оние што вистински сакаат филм, да го проследат со трпение и внимание, изјави Абдула кој е гостин на годинешното издание на фестивалот.

Приказната во „Кома“ доаѓа од вистински настан, кој му се случил на пријател на режисерот.

Реклама

– Инспирацијата е од вистинска случка, што ја доживеа мој пријател во Италија. Дојде веста дека умрел, па потоа констатираа дека бил во клиничка смрт, но меморијата му беше како на 5-годишно дете. Не се сеќаваше на никој од нас пријателите. Лекарите посочија дека излез е да се врати дома, каде што е неговото семејство, пријателите и само така има надеж да се поврати во реалниот живот. Мојот братучед цели 7 години беше секој ден со него, и конечно успеа да си ја врати меморијата. Сега тој е оженет човек со деца и има среќен живот, но не памети дека некогаш му се случила несреќата, рече Абудла.

Во Дојран заедно со режисерот на фестивалот допатува и главната актерка Лина Абдула, како и кинематограферот Душан Кардалевски. 

-Сакам да му се заблагодарам на Душан Кардалевски за одличната работа и трпението и на Лина која снимаше на минус 15 степени и која во текот на снимањето по повеќе повторени сцена почна да плаче од студ, но, на крајот успеавме да го завршиме филмот, изјави режисерот, кој ја истакна и извондредната глума на актерот Џевдет Јашари.

Тој додаде дека следно ќе снима краток документарен филм во Шведска, но се подготвува и за долгометражен филм.

Денеска во ЕУ хаус во Струмица, во рамки на “Преку езерото” се одржува и работилница „Вештачката интелегенција во филмот“ поддржана од Креативна Европа, на која ќе говорат Милош Џукелиќ од Србија, Момчил Алексиев од Бугарија и Наташа Димитриевска од Канцеларијата на Креативна Европа во Македонија.

Вечерва на фестивалската програма, од 20.30 часот во Амфитеатарот во Дојран е претпоследниот филм од официјалната селекција, “Месо” на режисерот Димитер Стојанович од Бугарија. Филмот ја следи приказната за Надежда Стојанова (60–65 години), позната преведувачка од јапонски јазик и универзитетска професорка на врвот на својот живот и искуство, кога дознава дека има тумор. Веста ја прима заедно со својата 30-годишна ќерка Евгенија, водителка на најгледаниот телевизиски канал. Двете веруваат дека болеста ќе биде излекувана и дека нивните животи нема драстично да се променат, но и двете грешат. 

Во краткометражната селекција публиката од 22 часот ќе може да ги проследи “Бегство” во режија на Хаљим Љута и “Начинот на Чипан” на Антонио Вељаноски.