Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

АА: Состојбата во градот Гостивар се движи кон целосна нормализација

Состојбата во градот Гостивар се движи кон целосна нормализација, благодарение на ангажманот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Состојбата во градот Гостивар се движи кон целосна нормализација, благодарение на ангажманот на локалните и централните институции, организациите, пријателите и сите вклучени страни, на кои им изразуваме искрена благодарност за нивната висока подготвеност и покажаната поддршка, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците (АА).

Кризните штабови, на централно и локално ниво, функционираат исклучително добро. Општина Гостивар целосно соработува со сите надлежни институции и ги стави на располагање сите свои капацитети за што побрзо надминување на состојбата.

Интензивно се работи на враќање на состојбата во нормала. Очекуваме наскоро да се обезбеди вода за техничка употреба, а потоа и безбедна вода за пиење.

Реклама

Воедно, искрено ги повикуваме сите оваа ситуација да не ја користат за собирање политички поени, на штета на граѓаните, особено оние кои не донесоа ниту едно шише вода во Гостивар, туку се задоволија само со критикување на постапките на институциите.

Политички рејтинг не се гради врз туѓа несреќа. Во овој момент, приоритет треба да биде надминувањето на состојбата и поддршката на граѓаните.

Сите околности и одговорности треба да се утврдат преку правична, објективна и транспарентна постапка.