Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Свет

📹 Американски сенатори предлагаат огромни царини за земјите кои се снабдуваат со енергенси од Русија

Двајца американски сенатори, предложија закон, кој предвидува  царини од 500 отсто, на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Двајца американски сенатори, предложија закон, кој предвидува  царини од 500 отсто, на увоз на стоки од земји, што продолжуваат да купуваат руски енергенски. Сенаторите Греам и Блументал, првиот Републиоканев а вториотчлен на Демократите, ги информираа европските сојузници на САД и Украина дека законот ќе биде „пресвртна точка“ во економскиот притисок врз Москва.

Мерките најмногу ќе ги засегнат Кина и Индија – двата најголеми клиенти за руските енергетски производи, кои финансираат, како што посочуваат сенаторите, значаен дел од руската воена машинерија.

– Ова не е продолжување на сегашната стратегија. Ова е удар таму каде што најмногу боли – изјави сенаторот Блументал.

Реклама

Десет милијарди евра помош за обнова на Украина

10 милијарди евра  финансиска подршка доби Украина од меѓународни донатори и институции, на Меѓународната конференција за обнова на Украина, што се одржа од вчера и денеска во Рим. Конференцијата ја отворија италијанската премиерка Џорџа Мелони и украинскиот претседател Володимир Зеленски,а присутни беа и високи политички лидери, кои ги потврдија заложбите за обнова на Украина.

Главна цел на конференцијата беше, на едно место да се соберат банки, компании и глобални организации кои ќе издвојат сретсва за реконструкција на Украина, подготовка на земјата за спроведување на реформи за нејзино интегрирање во Европска Унија.

Премиерот на Албанија Еди Рама, и овој пат не ја пропушти шансата да и оддаде почит на италијанската премиерка Мелони. Тој исто како и пред два месеца за време на самитот во Тирана, клекна пред премиерката на Италија.

Над 60 загинати во израелски воздушен напад во близина на болница во Газа

66 луѓе загинаа, меѓу нив  осум деца, во израелскиот воздушен напад во централниот дел на Газа. Нападот се случил во близина на клиника.

Вработен во службата за итни случаи изјави дека во воздушниот напад што бил извшен изутрината , настрадале 17 луѓе вклучувајќи и осум деца, кои чекале пред влезот на клиниката.

Израелската армија изрази жалење за сите невини жртви и тврди дека тие направиле се што е можно за да ги ограничат цивилните жртви. Воедно, според израелските власти, цел на нападот бил член на палестинското движење Хамас, кој се наоѓал во близина на клиниката. Израелцитевтрврдат, дека тој учествувал во нападите на 7 октомври 2023 година.

И покрај днешниот напад, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, тврди  дека Израел и Хамас се приближуваат кон склучување на договор за 60 дневно примирје што е условено со ослободување на заложниците кои ги држи Хамас.