Реклама

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Македонија

📸 Армијата ја засилува својата борбена готовност, промовирани новите артилериски орудија „Боран“

Денеска во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, во присуство на премиерот Христијан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски беше промовирана нова артилериска батерија составена од шест хаубици 105 mm, „Боран“ и друга придружна опрема, кои се набавени од Турција во рамки на процесот за модернизација и опремување на Армијата.

На промоцијата, премиерот Мицкоски истакна дека „нема повеќе импровизации, нема повеќе застарена опрема и декларативна поддршка”, туку реални инвестиции, план, стратегија, има волја и одговорност.

„Со оваа набавка, ја градиме државата која самоуверено стои рамо до рамо со сојузниците. Македонија која се грижи за своите војници, која ја почитува својата Армија и која знае дека силна Армија значи сигурен народ. На сите припадници на Армијата – ви честитам.

Реклама

Оваа опрема е за вас. За вашата безбедност, за вашата способност и за вашата посветеност кон татковината. А вие сте нашиот прв бедем и гордост на државата. Македонија мора да успее. А ќе успее само ако е силна, самостојна и сигурна“, рече Мицкоски.

Министерот Мисалјовски истакна дека Министерството инвестира и ќе продолжи да инвестира во Армијата која „се гради континуирано, со секој изминат ден“. Градењето на македонските одбранбени капацитети, рече, значат силна и опремена Армија, секогаш подготвена да одговори на потребите на граѓаните и безбедноста на државата.

„Оваа опрема е произведена во Турција согласно највисоките НАТО стандарди. Набавката на оваа воена опрема преку договорот Влада со Влада упатува една јасна порака, дека ние имаме огромна доверба во високиот квалитет на производите од турската воено-наменска индустрија“, рече министерот.

Мисајловски им се заблагодари на амбасадорот Фатих Улусој, одбранбеното аташе полковникот Реџаи Јилмаз како и на сите инволвирани лица за искрената поддршка и посветеност и порача дека соработката е обострана, а успешен пример за тоа е и Рамковниот договор за воена соработка кој беше потпишан минатата година.

Началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски порача дека со набавката на хаубиците „Боран“ започнува реализацијата на една од клучните компоненти во рамки на проектот „Опрема и муниција за индиректна огнена поддршка“ и директно придонесува за исполнување на нашите обврски од пакетот на НАТО Цели на способности зададени во 2021 година и потврдени со новиот пакет на цели од 2025 година.

„Се работи за ново модерно вооружување кое ги поседува бараните тактичко-технички карактеристики. Турските вооружени сили го добија ова вооружување во 2021 година, а само четири години подоцна е дел и од нашата Армија, со што сме првата земја во Европа која го поседува. Обезбедувањето на овие артилериски средства значително ги зајакнува капацитетите за индиректна огнена поддршка на Армијата, а истовремено се постигнува и посакуваната интероперабилност за учество во НАТО водени операции“, потенцираше генералот.

Амбасадорот на Турција, Фатих Улусој подвлече дека соработката во полето на одбранбената индустрија претставува важен дел од билатерални односи и дека стабилноста и безбедноста на Балканот преставува приоритет на турската надворешна политика.

„Денес заеднички ги согледуваме конкретните примери од нашата соработка во полето на воената и одбранбената индустрија. БОРАН хаубиците на МКЕ и системите за команда и контрола на огнена поддршка на АСЕЛСАН кои Македонија ги набави од нашата земја се важен чекор во достигнување на НАТО стандардите од страна на македонската армија. Цениме дека нашите компании, кои произведуваат по европски стандарди и по ниски цени, ќе продолжат да придонесуваат во напорите за модернизација на нашиот сојузник, Армијата на Македонија според стандардите на НАТО“, истакна амбасадорот Улусој.

Шесте хаубици „Боран“ се дел од декларираната батерија од артилерискиот баталјон во рамките на Лесната пешадиска баталјонска група на Армијата.