Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Видео: Уапсен е убиецот кој вчера пукаше и усмрти странски државјанин во Штип

Полицијата го уапсила турскиот државјанин кој избега ноќеска откако со пиштол застрела…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полицијата го уапсила турскиот државјанин кој избега ноќеска откако со пиштол застрела и уби друг странски државјанин во Штип, соопшти Основното јавно обвинителство Штип. Најден бил и пиштолот и во текот на денов осомничениот убиец ќе биде на распит пред обвинител.

Јавен обвинител од Штипското обвинителство синоќа вршеше увид на локацијата, во кафе-бар во Штип, каде едно лице беше убиено со истрели од огнено оружје. Подигнати се чаури и други траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телото на починатиот е дадено на обдукција. Обезбедени се и прегледани снимки од видео надзор, а се преземаат и други дејствија за обезбедување докази за убиството што се случи синоќа, околу 21 часот и 30 минути. Увидот на локацијата ќе продолжи и денеска.

Напаѓачот и жртвата се идентификувани и станува збор за странски државјани. Неофицијално, и жртвата и лицето кое пукало се студенти од Турција. Според видеото кое се појави на социјалните мрежи, се гледа како осомничениот влегува во тоалет, по што излегува и пука во колегата студент, а потоа бега. Осомничениот веднаш влегол во возило и со голема брзина се упатил накај Скопје, каде притоа бил забележан кај патарината „Миладиновци“. Напаѓачот не застанал на знак што му го дала полицијата, ја пробил рампата на патарината и продолжил со голема брзина. Полицијата отворила оган кон возилото во обид да го запре.

Реклама

Истото возило – БМВ – било пронајдено неколку километри понатаму, кај ТИР-зоната во Миладиновци, оштетено и превртено.