Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

🎥 Петрушевски: СДСМ со невидена леснотија се радува на секоја катастрофа во државата, надевајќи се дека ќе добие некој ситен политички поен

СДСМ со невидена леснотија се радува на секоја катастрофа во државата, надевајќи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ со невидена леснотија се радува на секоја катастрофа во државата, надевајќи се дека ќе добие некој ситен политички поен, ако Македонија минува низ предизвици, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ .

„Пожарите кои гореа низ државата, а за кои веќе се докажува дека не се чиста природна непогода, туку човечки подметнати, од лица блиски до опозицијата, беа главна тема на политичкиот наратив на СДСМ.

На повеќе места низ државата на местата на пожарите меѓу другото најдени се и дрва потопени во бензин, гума, ракавици.

Реклама

Истрагата на институциите дојде и до лица блиски до опозицијата, кои се веќе и во притвор.

Секој може многу јасно да види дека државата не гори само од природни непогоди, туку и од човечки фактор.

И додека некој подметнуваше пожари, а некој ликуваше преку политички соопштенија, институциите го дадоа својот максимум и навремено локализираа и изгаснаа десетици пожари низ државата“, потенцира Бране Петрушевски.

„Повикуваме на одговорен пристап на СДСМ, тие беа власт до пред само 1 година, а на државата и оставија расипани авиони без пилоти, стари возила и недоволна опрема.

Една година потоа, државата има функционални авиони, пилоти, и приспособени воени и полициски возила за гаснење на пожари. Народот ја гледа разликата“, додаде во изјавата Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.