Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

🎥 Ковачки: Целта на Бугарија е бришење на јазикот и удирање на идентитетот, СДСМ знаеше за ова и го дозволуваше истото

Вчера на површина излегоа сите лаги на СДСМ и на Бугарија. Сите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вчера на површина излегоа сите лаги на СДСМ и на Бугарија. Сите тези дека само да влезат Бугари во Устав и влегуваме во ЕУ се покажаа како целосна невистина, изјави Драган Ковачки, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека гласањето во ЕП за бришење на термините македонски јазик и идентитет од Извештајот за напредокот на Македонија, покажа дека Бугарија нема намера да застане кај внесувањето на Бугарите во Уставот. Всушност, тоа е само изговор за се друго.

„Целта не била Бугари во Устав туку бришење на јазикот и удирање по идентитетот. Бугарија е разоткриена.

Реклама

Вчера пропаднаа и сите лаги на СДСМ, чии политики не донесоа до ова дереџе, и кои кога подававме рака за соработка и заедничка национална стратегија не прифатија, туку тераа по свое, продавајќи се што може.

И сега, кога го избришаа Македонскиот јазик и идентитет од Извештајот на ЕП, СДСМ не чекаа ниту минута, и тргнаа да се ситат.

Се е на виделина, веќе нема ништо сокриено. Политиките на Заев и Филипче на ,, еден народ, две држави” и ,,Делчев е Бугарин” сега го земаа својот данок.

Жално е што тоа што ние го говоревме, а за жал се случи вчера, го знаеја и во СДСМ и свесно првин потпишаа штетен договор, а потоа и со сите сили сакаа да ја обезличат нацијата ставајќи ја во процес кој требаше да заврши со целосна негација на Македонскиот јазик и идентитет.

ВМРО-ДПМНЕ во таа игра не влезе, и нема да влезе. Само противењето на ВМРО-ДПМНЕ од сам почеток уште кога СДСМ го потпишуваше договорот ја спаси државата од целосен срам и бришење на идентитетот.

Воедно ќе остане запишано и за векови запаметено дека европскиот извештај со македонски идентитет и македонски јазик помина на АФЕТ, на Комитетот за надворешна политика при Европскиот парламент и пред да се донесе срамниот амандман, се најде на масата на сите европратеници коишто гласаа во рамките на Европскиот парламент“, потенцира во изјавата ковачки.

„Вистинските цели на Бугарија од вчера се на чисто, тие сакаат бришење на Македонскиот јазик и идентитет, бришење на историјата и бришење на вистината.

Трагично е што за своите шовинистички политики се обидуваат да ја користат ЕУ.

Пораката од ВМРО-ДПМНЕ е јасна, ние нема да дозволиме ново предавство и нема да отстапиме од заветот на ВМРО“, изјави Драган Ковачки, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.