Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

„Џумбиш“ концерт на КУД „Илинден“ – Битола, посветен на Македонците муслимани

Ансамблот на КУД „Илинден“ Битола, синоќа во рамки на фестивалот „Илинденски денови“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ансамблот на КУД „Илинден“ Битола, синоќа во рамки на фестивалот „Илинденски денови“ одржа целовечерен концерт „Џумбиш“, посветен на Македонците муслимани.

Во изјава за МИА, Љупка Стефановска, етнокореолог, истакна дека КУД „Илинден“ за прв пат на својот репертоар поставија концерт со сценска адаптација поврзана со традицијата и животот на Македонците муслимани, со посебен фокус на населението од струшкото село Октиси, неколку села од дебарско, велешка Мелница или Азот и од областа Гора.

-Македонците муслимани ја зачувале македонштината во себе. Тие се со исламска вероисповест но се декларираат како Македонци и зборуваат на чист Македонски јазик. За време на нашето истражување кое се одвиваше повеќе од една година, обезбедивме многу податоци и песни кои се пејат при подготовката и организацијата на свадба, а целиот настан како што тие го нарекуваат е „Џумбиш“ или прослава, џумбуш, забава, посочи Стефановска.

Реклама

На синоќешниот коцерт што се одржа на големото плато пред битолскиот Офицерски дом, беа презентирани најважните обичаи при подготовка на свадба, односно „Прстенарки“, „Канарки“, обичајот „Нека излезе невестата“ и „Ѓурѓеен“.

-Сценската адаптација „Прстенарки“ ја истражив во струшкото село Октиси или Струшки Дримкол. Традиционално, при подготовката на свадбата, девојки од домот на момчето, одат кај невестата, носат прстен, а кога ќе стигнат кај невестата, мајката става златник. Девојките се движат со песна и игра, и она што е карактеристично за жените кај Македонците муслимани, цело време тропаат на дајре и пејат. Потоа следува друга сценска адаптација „Канарките“ кои одат да ги канат сватовите и гостите за на свадба. Оваа сценска адпатација е од дебарскиот крај, од неколку села каде што живеат Македонци муслимани. Потоа следува третата сценска адаптација која е од селото Мелница или велешки Азот и се нарекува „Нека излезе невестата“, а четвртата сценска адаптација е „Ѓурѓеен“ и таа е од областа Гора. Карактеристично за целиот свадбен обред е почетокот со песната „Мајка Абазова“ која ги чека гурбетчиите, организацијата на свадбата која по традиција е за време на празникот Петровден затоа што тогаш се враќаат печалбарите или гурбетџиите да дојдат дома за да се направи свадба. И, уште нешто. Првото излегување на невестата надвор од домот е дури за Ѓурѓовден. На тој празник невестата може сите да ја видат, појасни Стефановска.

На синоќешниот концерт, носиите на учесниците беа оригинални, а за време на истражувањето, КУД „Илинден“ Битола соработуваа Фатима Тајроска, Муџаверка Шикаровска и Филдиза Јашари, кои во знак на благодарност синоќа на фестивалската сцена добија скромни подароци.