Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Ќура: Лицата со Даунов синдром се неразделен дел од нашето општество и заслужуваат почит, вклученост и целосна институционална поддршка

Лицата со Даунов синдром имаат право на почит, вклученост, образование, здравје и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лицата со Даунов синдром имаат право на почит, вклученост, образование, здравје и еднакви можности да го изградат својот живот онака како што посакуваат, порача денеска градоначалникот на Општина Струга Менди Ќура.

Тој на одбележувањето на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром – 21 Март, на Плоштадот во Струга, ја истакна континуираната посветеност на Општина Струга кон лицата со Даунов синдром и сите лица со посебни потреби.

– Како градоначалник на Општина Струга, секогаш ќе бидам покрај лицата со Даунов синдром и секој граѓанин на кој му е потребна посебна поддршка. Овие лица се неразделен дел од нашето општество и заслужуваат почит, вклученост и целосна институционална поддршка, рече Ќура.

Реклама

Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, според него, не потсетува дека различностите не се пречка, туку вредности што нè прават почовечни.

– Овој ден нè повикува да размислиме и да делуваме: да ги гледаме способностите, а не ограничувањата. Да ги поддржуваме секој ден. Да изградиме пофер и поинклузивно општество, нагласи градоначалникот.

Општина Струга, додаде тој, останува посветена на градење инклузивно општество, во кое секој граѓанин го има своето место и достоинство што го заслужува.

На територијата на општина Струга функционира еден Дневен центар, кој се грижи за лица со попреченост.