Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Прилози

Ќира: Феноменот со загадување на водата за пиење не дојде туку така, виновно е поранешното општинско раководство!

Сред кризна состојба во која се најдоа околу 20.000 домаќинства во Струга…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сред кризна состојба во која се најдоа околу 20.000 домаќинства во Струга и струшко поради енормното загадување на водата за пиење, градоначалникот конечно се врати од службено патување. Состојбата со водата, вели, не е добра, но се преземаат мерки за надминување на проблемот и лоцирање на вината.

„Се мисли дека е можно да е дојдено од земјотрес, може да е дојдено од лица кои работеле од 2020-та и пред тоа со копање во горниот дел на базенот, што е можно, но не можам да потврдам со сигурност дека се случува тоа. Овој феномен не дојде тек така, туку поради слабото менаџирање и неземање на мерки кои се потребни за ваква ситуација од бившите директори, од бившата власт и мислам дека сите чинители ќе одговараат“, вели Менди Ќира, градоначалник на Струга.

Една недела Струга е без притисок на вода, од чешмите тече кал, а граѓаните полнат канти и влечат флаширана вода. Ова го отвора прашањето зошто општината, по примерот на други помали градови, не обезбеди чиста вода за населението со цистерни, диспензери, канистри со чиста вода за жителите, а посебно за училиштата и болниците.

Реклама

„Немаме такви услови, градот Струга нема такви услови, реално кажано. Градот Скопје има цистерни, има институции кои многу се спремни. Градот Струга, за жал, е ваков каков што е. Од Горна Белица ни помогна тоа што таму е чиста водата, го намаливме дотокот на вода од Шум за да имаме малку почиста вода“, вели Меџаит Јусуфоски, директорот на Ј.П. „Водовод“ – Струга.

„Па тоа секој град треба да има резервоари или цистерни каде што има здравствено исправна вода за пиење, од каде што луѓето ќе црпат вода. Затоа што на оваа немаштија цел месец луѓето мораат да купуваат вода и за пиење и за миење. Како ќе готват градинките, оваа вода не е ни за приготвување на храна, ни по градинки, ни по болници“, вели Лидија Симоноска, Центар за јавно здравје Охрид.

Резултатите од анализите се застрашувачки, матноста на водата во Заводот за нефрологија и Општата болница била 23 пати над дозволената граница. И во една ваква ситуација, од јавното водоводно претпријатие, за да ја намалат матноста, исклучиле дел од пумпите кои црпат вода од Шум, за сметка на беличките извори кои немаат доволен капацитет за сите домаќинства. Во вторник извесно е дека има вонредна седница на Совет на која ќе се расправа за овој горлив проблем.