Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Прилози

Ќе се освежува Владата: Премиерот Мицкоски потврди- реконструкција на владиниот кабинет најдоцна до стартот на летото

До стартот на летото ќе има освежување на Владата. Премиерот Христијан Мицкоски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До стартот на летото ќе има освежување на Владата. Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека во мај или најдоцна јуни, ќе има реконструкција во неговиот владин кабинет. Потенцираше дека соработката со коалиционите партнери Вреди и ЗНАМ е добра, а за евентуални нови министерски имиња, ќе се разговара и во периодот пред да започне процесот на промени во Владата.

-Ние имаме принципиелен договор како коалициони партнери во Владата,  сите три политички структури, тоа се коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Вреди и политичката партија ЗНАМ. Најавивме дека таму некаде мај, јуни месец ќе имаме нели реконструкција во самата Влада. И се разбира дека многу од  прашањата за време и пред таа реконструкција да се случи, ќе бидат ставени на маса и ќе разговараме, изјави Мицкоски.

Последниов период во јавноста се актуелизираше и темата за евентуален влез во Владата на Зијадин Села, посочувајќи три услови кои би ги имал лидерот на едно од крилата на Алијанса за Албанците. Мицкоски вели дека такво нешто нема да се случи, бидејќи простор за проширување на владината коалиција во овој момент нема.

Реклама

-Како коалиција имаме исклучително коректна соработка и не гледам во моментот простор за коалициони договори и преговори со други политички субјекти. Затоа што ќе повторам, образот го чувате цел живот, а го губите само еднаш, изјави Мицкоски.

Од она што е познато во моментов е дека нарушени се односите меѓу Вреди и министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, па речиси сигурно еден од владините партнери ќе бара промена на актуелниот министер.

Матеја Петровски