Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Љутков од Брисел: Да го чуваме македонскиот јазик, во него живее народот и трае Македонија

Македонската култура е жива ризница на духот. Таа е светлина во фреските,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската култура е жива ризница на духот. Таа е светлина во фреските, ехо во каменот и трепет во народната песна. Во неа се запишани радоста и болката, копнежот и гордоста, истрајноста и вербата на многу генерации што создавале, чувале и оставале траен белег, порача вечерва од Брисел министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој се обрати пред почетокот на концертот на Оркестарот за џез-музика, во рамки на манифестацијата „Денови на македонската култура“ во Белгија.

Љутков се осврна и на „Денот на македонскиот јазик”, во чија чест, рече, и се обраќа на својот мајчин, македонски јазик. Секој народ, потенцира министерот, ја носи својата душа во зборот, во песната, во јазикот што го зборува и што му дава име на светот околу него. 

-Вечерва, овде во Брисел, во  пријателска Белгија  пулсира македонскиот здив. „Деновите на македонската култура“ се отвораат како значајна врата кон нашиот културен свет, исполнет со танци, песна, боја и збор што носи длабока вредност. Секој мотив, секое движење, секој тон и секој стих го носат печатот на достоинство, траење и непоколеблив идентитет. Вечерва, музиката го презема зборот. Овде во култниот „Бозар“, Националниот џез донесува звук што произлегува од традицијата, а се претопува во современа, слободна и смела форма. Во неговите композиции одекнуваат мотиви од народната душа. Секој тон претставува дијалог, секој ритам е чекор напред, а секоја импровизација е доказ за жива и создавачка култура. Нека оваа вечер остане како сведоштво за култура што создава, дарува и трае, нагласи Љутков.

Реклама

Како што истакна, манифестацијата „Деновите на македонската култура“ во Белгија е многу повеќе од серија културни настани. Таа е вистинско присуство, трајна трага и отворена покана за нови средби и идни соработки, а Министерство за култура и туризам со голема чест и задоволство ја поддржува со што ја потврдува довербата во уметноста како најсилен јазик на меѓусебно почитување и соработка.

-Нашата програма е богата и разновидна: Балетот на Националната опера и балет ја отвори сцената во Антверпен со „Лебедово езеро“. Филмската уметност беше претставена во Брисел со „Исцелител“ на режисерот Ставрески, а теракотните икони од „Виничко Кале“ ќе бидат изложени во Европскиот парламент, како силно сведоштво за древноста и трајноста на нашето културно наследство, напомена министерот.

Во врска со македонскиот јазик, подвлече дека не се мери со бројот на говорници, туку со длабочината на љубовта што ја носи во себе, со вербата што ја чува, со силата што ја изразува.

-Македонскиот јазик е присутен во секој искрен збор, во секое напишано писмо, во секој стих што го допира срцето. Да го чуваме. Да го негуваме со внимание и со почит. Да гоговориме со чистота и со гордост. Нека се пренесува како дар, како аманет, како светлина. Во него живее народот. Во него се огледува душата. Во него трае Македонија. Нашата душа е македонска, а нашиот јазик е македонски, јазик на вековите, јазик на истрајноста, јазик што ја вплел својата нишка во ткаенината на историјата, горделив, непореклив и непокорен, потенцира Љутков на манифестацијата во Брисел.

Објавата може да ја погледнете на следниот линк: