Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Љутков: Меморандумот означува нова фаза во културната соработка меѓу Македонија и земјите членки на ТУРКСОЈ

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и генералниот секретар на ТУРКСОЈ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и генералниот секретар на ТУРКСОЈ, Султан Раев, денеска на свечена церемонија во Анкара потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за култура и туризам и Меѓународната организација за турска култура ТУРКСОЈ, наведува Министерството за култура и туризам во соопштение. 

Во своето обраќање, министерот Љутков нагласи дека културата на една држава во многу нешта зависи од почитувањето и афирмацијата на културните различности кои опстојуваат на нејзиниот простор.

„Унапредувањето на културните особености на сите заедници што живеат во Македонија е наш приоритет, бидејќи сите заедно придонесуваме кон богатата културна ризница по која нашата земја се издвојува во европскиот културен мозаик“, рече Љутков.

Реклама

Тој додаде дека овој меморандум означува нова фаза во културната соработка меѓу Македонија и земјите членки на ТУРКСОЈ, развој на заеднички проекти во областите на културата, уметноста, литературата, сценските уметности, музејската и библиотечната дејност, размена на уметници и ансамбли како и зближување на народите, промоција и зачувување на културното наследство.

Генералниот секретар, Раев, рече дека потпишаниот Меморандум не претставува само документ за институционална соработка, туку и значаен чекор кон зајакнување на културното зближување меѓу народите, поддршка на зачувувањето на културното наследство и поттикнување на уметничкото творештво.

Тој додаде дека турската заедница во Македонија, со своето богато историско и културно наследство, е нераскинлив дел од турскиот свет и претставува мост меѓу различните култури.

Со потпишувањето на Меморандумот, се отвораат нови можности за промоција на богатото културно и уметничко наследство на Македонија во земјите членки на ТУРКСОЈ — Турција, Азербејџан, Казахстан, Киргистан, Узбекистан и Туркменистан, како и за унапредување на меѓународната културна соработка и туризмот.