Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Прилози

Љуљзим Фаризи за Алфа: Потегот на ВРЕДИ е за поздравување, добар за државата и реформскиот пат кон ЕУ

Обединувањето на ВРЕДИ во еден политички субјект е само чекор поблиску до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обединувањето на ВРЕДИ во еден политички субјект е само чекор поблиску до исполнување на реформската агенда и членството на Македонија во Европската Унија. За упатените, ваквото окрупнување на коалицијата е позитивно за државата и ќе придонесе за забрзан економски развој и владеење на правото. Според Љуљзим Фаризи, правната држава, економскиот развој и забрзаната интеграција во ЕУ ќе бидат трите клучни столба врз кои ВРЕДИ ќе продолжи да дејствува како политичка партија до следните избори.

„За првпат во историјата на политичкото делување, на албанските и на другите партии, имаме двајца лидери кои ќе водат една политичка партија. Нивната платформа ќе биде во три насоки, односно за правна држава, интеграција на земјата во ЕУ и економски развиена држава. Тоа се трите постулати врз основа на кои ќе делува ВЛЕН“, изјави Љуљзим Фаризи – аналитичар.

Со исполнувањето на трите приоритети, Фаризи смета дека ќе се добие појасна слика на политичката сцена во албанскиот блок, каде што ВРЕДИ би доминирал.

Реклама

„Се профилираат веќе две политички партии, тоа е ДУИ од една страна и ВЛЕН од друга. Сите други партии кои делуваат во албанските средини немаат иднина. Тука се тројца политичари – Мендух Тачи, Зијадин Села и Арбен Таравари, кои по следните избори ќе исчезнат од политичката сцена или ќе бидат маргинализирани“, изјави Љуљзим Фаризи – аналитичар.

По консолидацијата, ВРЕДИ воспостави заеднички органи кои ќе носат одлуки како единствен политички субјект, односно ќе функционираат преку единствени партиски структури, за разлика од претходно, кога одлуките најпрво се носеле во рамки на партиите, а потоа се чекало одобрение од лидерите, смета Фаризи.

ВРЕДИ се обедини во политичка партија со визија за владеење на правото, европска ориентација и економски развој. Двајцата копретседатели порачаа дека ќе бидат европски ориентирана партија, чија структурна организација ќе биде поставена по моделот на модерните европски партии. И Изет Меџити и Биљаљ Касами ја потврдија определбата за европска интеграција и за праведна и функционална држава.

„Се случува историја, за првпат пет политички партии и неколку организации се соединуваат во еден субјект една полтичка партија, едно тело, не само за да го сменат политичкото рзмислување, туку и да станат реален показател на тоа дека политиката обединува, а не дели“, изјави, Биљаљ Касами – копретседател на ВЛЕН

„Досега значи фокусот ни беше во овој конгрес на обеднунвање, што не е секојденвие во ова поднебје. Ретко се случува, народот повеќе слуша за поделби, фракции, а ние го направивме обратното, тоа што го бара народот и членството“, изјави Изет Меџити – копретседател на ВЛЕН.

Инаку, изборот на Денот на Европа за официјализирање на новата партија беше претставен како симболична порака за европскиот курс и политичката ориентација на новиот субјект.