Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Љатифи: Развојот на енергетската инфраструктура и дигиталната трансформација на системот за пренос на струја од стратешка важност за енергетската стабилност

По потпишувањето на Договорот за стратешка соработка меѓу двете влади, имав задоволство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По потпишувањето на Договорот за стратешка соработка меѓу двете влади, имав задоволство да учествувам на сесијата за економски дијалог и вмрежување меѓу институционалните претставници и бизнис-заедницата, каде што беа разгледани конкретни можности за нови инвестиции, проширување на економската соработка и зајакнување на врските меѓу јавниот и приватниот сектор – изјави директорот на МЕПСО, Бурим Љатифи, во врска со денеска потпишаниот Договор меѓу Македонија и Хрватска. 

МЕПСО соопшти дека во рамки на билатералната средба меѓу Владата на Македонија и Владата на Република Хрватска, предводени од премиерите Христијан Мицкоски и Андреј Пленковиќ било потврдено стратешкото партнерство меѓу двете земји, како и посветеноста за продлабочување на соработката во клучни области од значење за економскиот, инфраструктурниот и енергетскиот развој.

-По потпишувањето на Договорот за стратешка соработка меѓу двете влади, имав задоволство да учествувам на сесијата за економски дијалог и вмрежување меѓу институционалните претставници и бизнис-заедницата, каде што беа разгледани конкретни можности за нови инвестиции, проширување на економската соработка и зајакнување на врските меѓу јавниот и приватниот сектор. Во својство на директор на МЕПСО, ја истакнав стратешката важност на развојот на енергетската инфраструктура и дигиталната трансформација на системот за пренос на електрична енергија, како предуслов за зголемување на енергетската сигурност и стабилност, како и за подлабока интеграција во европските енергетски пазари, изјавил Љатифи.

Реклама

Во тој контекст Љатифи нагласил дека нашиот моментален фокус е насочен кон проектите за регионално поврзување, особено интерконекцијата со Република Албанија преку изградба на трансформаторска станица и далекувод,  два стратешки проекти што ги реализираат хрватски компании со меѓународен углед, како „Далековод Загреб“ и „Кончар Груп“.

-Исто така, истакнав дека, врз основа на моето професионално искуство, добро ја познавам важноста на странските инвестиции и нивната клучна улога во развојот на јавните институции и приватните компании, преку придонес кон модернизација, зголемување на капацитетите и подобрување на економските перформанси – изјавил Љатифи.

Оваа продлабочена соработка меѓу двете земји, наведуваат од МЕПСО, претставува важен чекор кон зајакнување на стратешкото партнерство, развој на регионалната енергетска инфраструктура и создавање поповолна клима за одржливи инвестиции и долгорочен развој.