Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Јубилејна меѓународна велосипедска тура Охрид–Струга–Радожда во организација на ИПА Охрид

Во организација на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид, утре ќе се одржи јубилејната десетта по ред меѓународна ИПА велосипедска рекреативна тура на релација Охрид–Струга–Радожда. Стартот е закажан од Градското пристаниште во Охрид во 8:00 часот, од каде учесниците ќе се движат по охридскиот кеј и низ неколку градски улици, а потоа по стариот пат кон […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во организација на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид, утре ќе се одржи јубилејната десетта по ред меѓународна ИПА велосипедска рекреативна тура на релација Охрид–Струга–Радожда.

Стартот е закажан од Градското пристаниште во Охрид во 8:00 часот, од каде учесниците ќе се движат по охридскиот кеј и низ неколку градски улици, а потоа по стариот пат кон Струга, покрај Охридското Езеро и низ живописните предели кај Калишта, хотелите „Бисер“, „Изгрев“ и „Макпетрол“, се до Радожда.

Велосипедската тура е дел од проектот ИПА вело-викенд „На точак, Охрид и Струга да видам“, со кој од 2016 година се промовира идејата за велосипедско поврзување на двата крајезерски града, како и нивно поврзување со туристичките населби Радожда и Пештани, преку современа, безбедна и функционална велосипедска патека.

Реклама

Организаторите истакнуваат дека ваквите иницијативи имаат значајна улога во развојот на туризмот и велосипедизмот во охридско-струшкиот регион, што важи за еден од најатрактивните во државата, со потенцијал да се позиционира на светската мапа на вело-туризмот.

Од ИПА – Охрид упатуваат порака до надлежните институции конечно да се посветат на изградба на безбедни велосипедски патеки меѓу Охрид и Струга, бидејќи, како што наведуваат, велосипедистите денес се принудени да се движат по фреквентни патишта без соодветна инфраструктура, што претставува сериозен ризик за нивната безбедност.

Воедно, се повикуваат сите членови на ИПА – Охрид, ИПА – Македонија, како и националните ИПА секции од соседните земји, велосипедски клубови и граѓани љубители на велосипедизмот, да се приклучат на турата и да создадат масовна велосипедска колона што ќе испрати порака за потребата од современа велосипедска мрежа во регионот.