Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

ЈПДП: Лентите за М – ТАГ на патарините од полноќ само за електронски тагови

Лентите означени за M -таг на патарините во државава од ноќеска ќе бидат наменети исклучиво за користење со електронски тагови, а непочитувањето на означувањето и намената на лентите може да предизвика застои во сообраќајот и да влијае врз безбедноста и ефикасноста на сообраќајот, укажува Јавното претпријатие за државни патишта. Апелира до корисниците на услугите на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лентите означени за M -таг на патарините во државава од ноќеска ќе бидат наменети исклучиво за користење со електронски тагови, а непочитувањето на означувањето и намената на лентите може да предизвика застои во сообраќајот и да влијае врз безбедноста и ефикасноста на сообраќајот, укажува Јавното претпријатие за државни патишта.

Апелира до корисниците на услугите на наплатните станици повнимателно да ги следат информативните електронски табли поставени пред и на самите наплатни станици, каде е извршена јасна категоризација на лентите по вид на плаќање: наплата со MTAG, наплата со MCARD и наплата со CASH и MCARD. Со таа измена, вршењето на наплата со MCard на лентите за МTag се укинува. Корисниците кои користат MCard ќе ја реализираат наплатата на останатите достапни ленти на наплатната станица, согласно со нивната намена.

Исто така, ЈПДП укажува и апелира до корисниците на строго почитување на вертикалната и хоризонталната сигнализација за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот кои се должни да ја следат сигнализацијата за статусот на лентите:  зелена стрелка – означува активна (отворена) лента, како и црвен икс (X) – означува затворена лента.