Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

ЈП Водовод и канализација – Скопје со акција за отплата на долгови без пресметка на камата 

ЈП Водовод и канализација – Скопје спроведува акција за отплата на долговите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ЈП Водовод и канализација – Скопје спроведува акција за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање. Акцијата, како што информираат од јавното градско претпријатие, започнува во понеделник на 20 април и ќе трае до 5 јуни годинава.

-Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), да ја искористат можноста за плаќање на рати без пресметана камата, велат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Нагласуваат дека одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје.

Реклама

За сите дополнителни информации за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје граѓаните може да контактираат на телефоните на: 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар; 02 3240 300, Дирекција; или онлајн на [email protected]; www.vodovod-skopje.com.mk;