Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и годинава ќе постави садови за одлагање органски отпад во пресрет на Курбан бајрам

Во скопските општини, каде што масовно се празнува верскиот празник Курбан бајрам,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во скопските општини, каде што масовно се празнува верскиот празник Курбан бајрам, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и годинава ќе постави специјални контејнери во кои граѓаните ќе може да го одложат органскиот отпад (остатоците од курбанот).

– Садовите ќе бидат поставени во текот на денот (26.5.2026) по 14 часот – соопшти прес-службата на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје. 

Оде таму апелираат до верниците органскиот отпад да го одлагаат исклучиво во поставените садови затоа што неговото исфрлање на јавни површини може сериозно да го загрози јавното здравје и да ја загади животната околина.

Реклама

Список на локации на кои ќе бидат поставени контејнерите за одлагање органски отпад: 

1. Општина Шуто Оризари – автобуска станица на последна 19; кај маркетот „Харбин“;

2. Општина Бутел – во близина на џамијата „Бедр“ – Бутел 1;

3. Општина Гази Баба – гробишта „Камник“; во непосредна близина на џамијата во населбата Ченто;

4. Општина Чаир – во близина на ресторанот „Фа-фа“; во близина на новата џамија во Чаир; во близина на џамијата во Тенеке Маало; во близина на Теќето во Дуќанџик; раскрсница булевар Адем Демачи со улица Дижонска; раскрсница улица Џон Кенеди со улица 22 ноември;

5. Општина Сарај – кај езерото Треска;

6. Општина Арачиново – на излезот, во близина на гробиштата;

7. Општина Студеничани – во с. Студеничани; во с. Моране; во с. Батинци.