Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

ЈО: Затворска казна за адвокат, обвинение за апелационен судија

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по детална истражна постапка ги обезбеди сите докази кои ја потврдуваат основаноста на сомненијата дека обвинето лице што врши јавни овластувања – адвокат побарал вкупно 100.000 евра, а на 13.12.2025 година директно примил износ од 20.000 евра за да посредува со искористување на своето реално влијание врз судија од Апелациониот суд Скопје за укинување на мерка притвор определена кон лице кое тогаш било недостапно на органите на прогонот, информираат од Јавното обвинителство.

Соочен со доказите на обвинителството, како што велат, обвинетиот целосно ги призна и прифати наводите во обвинението, по што побара да се спогоди за висината на кривичната санкција.

-Врз основа на постигнатата предлог-спогодба во која беа земени предвид сите отежителни и олеснителни околности, Основниот кривичен суд Скопје вчера изрече пресуда со која го осуди обвинетиот на ефективна казна затвор од 1 година и 3 месеци за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание од член 359 став 7 од Кривичниот законик.
Со прифаќање на предлог спогодбата, сега осудениот ги потврди и наводите во обвинението согласно кои побараните пари биле со намена со поткуп да влијае врз конкретен судија од Апелациониот суд во Скопје за да издејствува укинување на мерка притвор, се вели во соопштението од ЈО.

Реклама

Иако, како што посочуваат, во конкретниот случај адвокатот бил фатен „ин флагранти“ со дел од поткупот и тие пари не стигнале до судијата, јавниот обвинител презеде и повеќе други дејствија и претреси при кои на 18.01.2026 година во домот на родителите на судијата во Неготино, пронајде вкупно 350.000 евра за чие потекло тој нема доказ и не ги пријавил.

-Парите беа пронајдени спакувани во 13 поединечни пакувања, и тоа вкупно 610 банкноти во апоени од по 500 евра и 225 банкноти во апоени од по 200 евра, од кои дел со обележани рачно испишани износи на средствата, скриени во заѕидан простор во шуплините од цигли во ѕидот на една од собите. Ова предизвика основано сомнение дека овој осомничен во периодот од 10.02.2020 година, како службено лице судија во Апелациониот суд Скопје, спротивно на законската должност за пријавување на имотна состојба или нејзина промена давал лажни податоци за својот имот и имотот на неговото семејство и не пријавил имот кој во големи размери ги надминува неговите законски приходи, велат од ЈО.

Од поведувањето на постапката, нагласуваат, јавниот обвинител презеде повеќе дејствија со кои обезбеди цврсти докази во однос на сопственоста на паричните средства, со што се потврдија елементите кои го исполнуваат битието на кривичното дело – Противправно стекнување и прикривање имот од член 359-а. Имајќи го предвид доказниот материјал за располагање со имотот во периодот од 2020 година до денес, во корелација со начинот искористен за криење на пронајдените парични средства, се обезбедија докази кои укажуваат на обележја и на кривичното дело – Перење пари и други приноси од казниво дело од член 273 од Кривичниот законик.

-Врз основа на обезбедените докази, ОЈОГОКК денеска поднесе обвинение против судијата од Апелациониот суд за наведените кривични дела, потенцираат од ЈО и додаваат дека надлежниот јавен обвинител продолжува да презема дејствија до целосно испитување на сите аспекти на сомнежите за коруптивни дејствија и потенцијална инволвираност и на други лица.