Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Прилози

Јавните претпријатија под притисок од растот на цената на нафтата

Цената на нафтата на светските берзи веќе трета недела варира, под влијание…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цената на нафтата на светските берзи веќе трета недела варира, под влијание на геополитички тензии и нарушени синџири на снабдување. Ова директно го погодува работењето на јавните претпријатија, особено комуналните служби и јавниот превоз, кои се меѓу најголемите потрошувачи на гориво. Зголемената цена значи и зголемени трошоци за нивното секојдневно функционирање – од собирање отпад до одржување на инфраструктура и транспорт.

„Да видиме како ќе се одвиваат настаните. Доколку е краткотрајно, не би имало многу големи проблеми, меѓутоа ако овој тренд продолжи понатаму, односно биде долгорочен, тогаш нормално ќе се одрази и врз работата на јавното претпријатие“, вели Марјан Ристески, директор на Ј.П. „Водовод“ Охрид.

„Нормално дека ќе влијае покачувањето на цените на основните деривати како нафтата. Тоа ќе повлече и други последици, ќе влијае врз тековното работење, затоа што во дел од комуналните услуги нафтата е еден од основните трошоци кои ги имаме“, вели Горан Степаноски, директор на Ј.П. „Комуналец“ Битола.

Реклама

Во Македонија има вкупно 159 јавни претпријатија, а од нив најголем дел, или 116, се јавни претпријатија за комунални услуги, кои според груба проценка месечно трошат од 250 до 700 тони гориво.

„Сметам дека едноставно нема да бидеме поштедени од целата оваа ситуација. Мора да направиме интервенција за да јавните претпријатија не застанат во делот на основните нивни дејности, како износ на смет, пометување и јавна чистота. Тие работи мора да ги извршуваме без разлика на оваа криза, со цел да имаме здрава и чиста животна средина. Потребно е да се најде некаков механизам за јавните претпријатија, за да можеме да ги пребродиме овие периоди“, вели Гоце Ангелоски, член на управниот одбор на АДКОМ.

Дел од земјите најавуваат поскапување на горивата, а некаде се јавуваат и панични купувања и недостиг на гориво. Македонската Влада спроведува конкретни мерки за ублажување на ценовниот шок. Меѓу нив се намалување на ДДВ за горивата од 18 на 10 проценти, како и директна буџетска поддршка за да се амортизира растот на цените.

Намалувањето на даноците значи пониски цени на горивата, со цел да се заштити паричникот на граѓаните. Од Владата велат дека државата има доволни резерви и нема потреба од ограничување на горивото, а се водат и разговори со компаниите за стабилизација на цените.