Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Економија

Јавниот долг во фокусот на собраниска работилница

Денеска, во Собранието се одржа работилница на тема „Градење на доверба во управување со јавниот долг на Македонија преку зголемена транспарентност и отчетност“. Настанот е во организација на Канцеларијата на Светска банка во нашата држава, а учествуваа членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и Комисијата за финансирање и буџет, се вели […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска, во Собранието се одржа работилница на тема „Градење на доверба во управување со јавниот долг на Македонија преку зголемена транспарентност и отчетност“. Настанот е во организација на Канцеларијата на Светска банка во нашата држава, а учествуваа членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и Комисијата за финансирање и буџет, се вели во соопштението од Собранието.

Работилницата ја отвори членот на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, пратеникот Димитар Ковачевски, кој во своето воведно обраќање ја истакна важноста на темата, ги поздрави присутните учесници и изрази очекување за конструктивна и плодна дискусија.

Претставниците на Светска банка, истакнаа дека Светска банка и Владата на Швајцарија заеднички работат на прашања поврзани со јавниот долг во десет земји, меѓу кои е и нашата земја. Пратениците имаат значајна улога во креирањето политики и во справувањето со предизвиците поврзани со управувањето со јавниот долг. Притоа посочија дека, иако движењата на јавниот долг не секогаш можат целосно да се предвидат, потребно е законодавниот дом да развива сопствени капацитети и пристапи за негово следење и надзор.

Реклама

Се зборуваше и за поврзаноста на јавниот долг со монетарната политика, фискалната политика и процесот на управување со долгот, нагласувајќи дека секое задолжување подразбира внимателно разгледување на трошоците, ризиците и транспарентноста.

Истакната беше и улогата на Собранието во процесот на управување со јавните финансии, имајќи предвид дека законодавниот дом го разгледува и усвојува државниот буџет, како и одлуките поврзани со ново задолжување на државата.

Транспарентноста претставува значаен елемент во процесот на управување со јавниот долг. Се нагласи дека навременото и достапното информирање на јавноста придонесува за зајакнување на довербата во институциите и за поголема отчетност во донесувањето на одлуките.

По воведните излагања, се отвори широка и конструктивна дискусија меѓу присутните, при што беа разгледани прашања поврзани со буџетот, постапката за негово донесување, издавањето еврообврзници, нивото на јавниот долг и движењето на каматните стапки. Учесниците разменија мислења и ставови за актуелните фискални и економски предизвици, со посебен акцент на влијанието на овие прашања врз економската стабилност и развојот на државата Работилницата ќе поодолжи утре согласно предвидената агенда.

*Јавниот долг е збир на државниот долг и долгот на јавните претпријатија основани од државата или од општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје, како и трговски друштва кои се во целосна или во доминантна сопственост на државата или на општините, за кои државата има издадено државна гаранција.