Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Јавна расправа по предлог-законот за оружјето

Во Собранието ќе заседава Комисијата за одбрана и безбедност, на која ќе се одржи јавна расправа по предлог-законот за оружјето. Со предлог-законот за оружјето се уредуваат условите за набавување, поседување, носење и пренесување, чување, производство, поправање, онеспособување (деактивирање), промет, посредување, трансфер, превоз, претовар и пренесување преку државна граница на оружје, негови делови, главни делови и муниција.  […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието ќе заседава Комисијата за одбрана и безбедност, на која ќе се одржи јавна расправа по предлог-законот за оружјето.

Со предлог-законот за оружјето се уредуваат условите за набавување, поседување, носење и пренесување, чување, производство, поправање, онеспособување (деактивирање), промет, посредување, трансфер, превоз, претовар и пренесување преку државна граница на оружје, негови делови, главни делови и муниција. 

Со донесување на законот се очекува унапредување на постојните законски решенија, надминување на практичните проблеми со кои се соочува Министерството за внатрешни работи како надлежен орган, а покрај наведеното, ќе се овозможи и усогласување на Законот за оружјето со: Директивата (ЕУ) 2021/555 на Европскиот парламент и на Советот од 24 март 2021 година за контрола на набавувањето и поседувањето оружје (кодифициран текст); Директивата за спроведување (ЕУ) бр.2019/69 на Комисијата од 16 јануари 2019 година за утврдување технички спецификации на оружје за предупредување и сигнализација во согласност со Директивата 91/477/ЕЕЗ на Советот за контрола на набавување и поседување оружје; Регулативата (ЕУ) бр. 258/2012 на Европскиот парламент и на Советот од 14 март 2012 година за спроведување на член 10 од Протоколот на Обединетите нации против незаконско производство и трговија со огнено оружје, негови делови и компоненти и муниција, со кој се надополнува Конвенцијата на Обединетите нации против транснационалниот организиран криминал („Протокол на ОН за огнено оружје“) и за утврдување дозвола за извоз и мерки за увоз и транзит на огнено оружје, негови делови и компоненти и муниција; Регулативата за спроведување на Комисијата (ЕУ) 2015/2403 од 15 декември 2015 година за утврдување заеднички насоки за стандардите и техниките за деактивирање за да се осигури дека деактивираното огнено оружје станало неповратно неупотребливо и Регулативата за спроведување на Комисијата (ЕУ) 2018/337 од 5 март 2018 година за изменување и дополнување на Регулативата за спроведување (ЕУ) 2015/2403.

Реклама

Како што информираат од собраниската прес-служба, на јавната расправа се поканети претставници од разни институции, организации и експерти од областа на одбраната и безбедноста да учествуваат на седницата и да дадат свои мислења и ставови во врска со темата на јавната расправа.