Реклама

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

Македонија

Јаневска од Штип: Потребно е поткревање на квалитетот на високото образование во кое академската заедница ќе покаже проактивност

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вечерва на Универзитет „Гоце Делчев“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вечерва на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип ги слушна забелешките на академската заедница во однос на Предлог-законот за високо образование и Законот за квалитет во високото образование. Ова е петта јавна расправа организирана од Министерството за образование и наука, а во текот на оваа недела треба да се одржат уште две дебати.

Јаневска изјави дека по завршување на јавните расправи ќе следува период на разгледување и корекција на прифатливите забелешки, по што законското решение ќе биде поставено на националниот регистар на прописи (ЕНЕР) за дополнителни консултации со академската јавност, а потоа ќе влезе во владина процедура.

-Верувам дека ќе останат уште една-две, кои дополнително ќе треба работната група малку посериозно да ги разгледа, за да донесеме соодветно решение. Кога ќе се заврши тој процес законот ќе биде поставен на ЕНЕР, уште релативно кратко време, неколку дена, за да може академската заедница да ги види забелешките. Брзо да изреагира, потоа оди во владина процедура- вели Јаневска. 

Реклама

Министерката Јаневска забележа дека на Македонија и е неопходно ново законско решение за високо образование. 

-Потребно е поткревање на квалитетот на високото образование, во кое академската заедница – професорска, оти и студентите се дел од академската заедница ќе покаже проактивност, особено во научните истражувања. Затоа што едукацијата и научното истражување во нашиот образовен систем и не само во нашиот се две нераздвоени целини. Не може да имаме добар професор на академско ниво, кој не ги следи новините во неговото поле или подрачје или област нека биде тоа, бидејќи технолошкиот развој во овој момент не само технолошкиот. Целиот свет подлежи на силни промени и ние мора да ги подготвиме нашите студенти, нашите идни академски граѓани, нашите луѓе коишто ќе се вклучат на пазарот на труд да ја зајакнат државата, односно да обезбедат просперитет на државата- вели Јаневска. 

Таа посочи дека македонските студенти не само што треба да ја продолжат академската заедница, тие треба да се вклучат и во стопанството, односно во реалниот сектор, за да бидат додадена вредност на македонската економија. 

Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски вечерва изјави дека Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип прифаќа нов закон за високо образование кој ќе даде квалитетна рамка за развој на високото образование. 

-Генерално синтетизирани се и денес ќе бидат презентирани од наша страна. Една од забелешките беше околу нормализирање на условите, односно да нема разлика меѓу големите и малите универзитети, да се сведат на пример 100 професори-еден проект или еден труд на еден професор, за да големите и малите имаат услови пред законот. Тоа беше дискусија, потоа вклучување на „скопус“ базата, како релевантна на овој дел на Европа, бидејќи „скопус“ базата е квалитетна и е малку порегионално завртена. Вклучува поголем дел на конференции во своето цитатно дело. Тука се однесуваат главните забелешки, другите забелешки се повеќе формални-вели Мираковски. 

На вечершната дебата присуствуваа голем број на професори на УГД-Штип, кои ги изнесоа своите забелешки за новите законски решенија за високото образование.