Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Јаневска: Нема намалување на бројот на студентски стипендии, СДСМ манипулира со јавноста

Министерката за образование и наука Весна Јаневска ги отфрли наводите дека ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за образование и наука Весна Јаневска ги отфрли наводите дека ќе има намалување на студентските стипендии и ги оцени како манипулација обвинувањата на СДСМ, нагласувајќи дека Владата работи на унапредување на студентскиот стандард и подобра распределба на средствата.

– Да се прејудицира уште од сега дека се намалени стипендиите е чиста манипулација на политичката партија СДСМ, бидејќи бројот на стипендии не е уреден со законско решение, туку се одлучува на годишно ниво, согласно Буџетот и согласно потребите на државата – објави таа на Фејсбук.

Во објавата се дополнува дека со предложените измени на Законот за студентски стандард се предвидува подобро прераспределување на стипендиите во рамките на квотата која на годишно ниво ја утврдува министерството и предвидува во конкурс, со цел да им се излезе во пресрет на студентите и да имаме стипендии кои се базираат на успех, на потребите на државата и на пазарот на трудот.

Реклама

– Во последните пет години, квотата за социјални стипендии не се исполнува, односно истите не се доделуваат во бројот кој е предвиден. Тоа е позитивна статистика и не вреди да се напаѓа, имајќи предвид дека станува збор за „социјална категорија на граѓани“. Од друга страна пак, кога квотата од една група не се исполнува, таа не може да се пренесе во друга група и заради тоа остануваа недоделени стипендии – наведува таа.

Воедно, нагласува дека измената на законот дава основа за јасна дистинкција меѓу категориите на стипендии, за кои потоа на годишно ниво, врз основа на Програмата за развој и унапредување на студентскиот стандард и Конкурсите ќе се утврдуваат бројот на стипендии по категорија и износот на стипендијата за секоја посебна категорија.

– Манипулации се и информациите во врска со надоместокот кој го плаќаат студентите за сместување во студентските домови. Во ниту еден член во предлог законските измени не е наведена партиципацијата која ќе ја плаќаат студентите, за да се прејудицира дека таа ќе биде поголема од постојната. И партиципацијата, како и студентските стипендии се утврдува на годишно ниво со Програмата – посочува министерката во објавата.

Воедно, информира дека се работи на ново законско решение со кое платите на вработените во студентските домови ќе бидат преземени, за да се намали товарот врз партиципацијата која ја плаќаат студентите, а од која досега се финансираат платите на вработените во студентските домови.

– Најважно од сé е дека ова лето започнува реконструкција на сите студентски домови, кои по нивното завршување ќе бидат енергетски ефикасни, со подобрен комфорт, најсовремена опрема и уредување, со што нема да има студентски дом кој ќе остане нереновиран. Груба манипулација е поделбата на домови за „сиромашни“ и за „богати“, особено кога државата спроведува огромен проект за целосна реконструкција на сите студентски домови – дополнува таа.

Што се однесува до мерката на СДСМ за Ковид кризата, како што дополнува, „добро е кажано во нивната реакција, таа се однесуваше само на КОВИД кризата“.

– Истата беше недоразвиена и неприменлива, без наведени критериуми како да се спроведе, како да се избере приватно сместување, кој ќе гарантира и кој ќе ја проверува безбедноста во приватното сместување и слично. Никој не посакува повторно да се воведе мерка за кризна ситуација, иако постои инструмент „Уредба со законска сила“ со кој веднаш може да се интервенира во Законот. Сепак, мерките треба да имаат применливост за да можат да бидат вистински мерки, а не само на хартија – нагласува министерката.

СДСМ денеска обвини дека со предложените измени на Законот за студентски стандард се прават негативни промени за студентите. Според нив, измените значат кратење на дел од стипендиите, особено за студентите од социјално загрозени категории, како и можни повисоки трошоци за сместување во студентските домови.