Реклама

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Македонија

Јаневска на Светски образовен форум во Лондон: со поставување реални цели и политики базирани на факти се трудиме да го забрзаме развојот на образованието

Нема формула за брза транзиција на еден образовен систем од фаза на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема формула за брза транзиција на еден образовен систем од фаза на ран развој кон извонредност. Потребно е време и голема посветеност кон остварување на претходно поставени реални цели и јасно дефинирани политики што ќе се базираат на факти. Македонската влада го прави токму тоа – образовните политики ги темели на спроведени анализи и преку мерливи критериуми ја утврдува ефикасноста – порача министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на панел дискусија посветена на креирање политики базирани на факти, во рамки на Светскиот образовен форум во Лондон.

Како што соопштуваат од Министерството за образование и наука, на форумот  што по 24 пат го организираат Министерството за образование на Обединетото Кралство, Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој, Министерството за бизнис и трговија и Британскиот совет, министерката порача дека политиките треба да се креираат врс основа на анализа на податоци.

– Во денешно време располагаме со голем број податоци и важно е тие да се анализираат и врз основа на тоа да се креираат политиките. Технологијата, особено вештачката интелигенција ни помага во собирањето и обработката, но сепак во процесот најважен е човечкиот фактор и не може да биде заменет – рече Јаневска.

Реклама

Посочи примери дека за институциите во Македонија јасен показател за промени се резултатите на учениците на меѓународните тестирања како ПИСА и ТИММС, детализираните податоци од шангајската ранг листа на универзитети, анализите и истражувањата на организации како УНИЦЕФ, ОЕЦД и Светска Банка, како и дека исклучително релевантно во креирањето политики е и измереното мислење на наставниците, стручните служби, родителите и учениците. Како што рече, сите тие треба да ги знаат резултатите од анализите и причините за промени и да учествуваат во менување на состојбите.

Освен Јаневска, на панел дискусијата се обратија и Алфа Бакар Бери – министер за стручно образование, обука и вработување на Гвинеја, Андреас Шлајхер – директор за образование и вештини во ОЕЦД и Берџ Акијан – извршен директор на организацијата Клас Линк.

– Говорниците се согласија дека иако институциите во многу земји немаат законска обврска да собираат и користат докази при креирањето на политики, сепак тоа обезбедува легитимитет на процесот – велат оттаму.

Светскиот образовен форум е најголемиот глобален собир на министри за образование и вештини. Годинава, темата на форумот е „Образование за заедничка иднина: Мир, планета, цел и патеки“.