Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Јаневска на промоцијата на 22. генерација апсолвенти на УЈИЕ во Тетово: Бидете генерација што ќе гради заедница темелена на знаење и интегритет

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска се обрати на свечената церемонија на која беше промовирана 22. генерација апсолвенти на Универзитетот на Југоисточна Европа, што се одржа во кампусот во Тетово. -Дојдовте во последната фаза на студирањето и полека влегувате во гласен и сложен свет, воден од интензивен научен развој. Но, влегувате подготвени. Уште […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска се обрати на свечената церемонија на која беше промовирана 22. генерација апсолвенти на Универзитетот на Југоисточна Европа, што се одржа во кампусот во Тетово.

-Дојдовте во последната фаза на студирањето и полека влегувате во гласен и сложен свет, воден од интензивен научен развој. Но, влегувате подготвени. Уште во текот на студирањето можевте да користите дигитални технологии што ја прошируваат реалноста со нови димензии и информации. Универзитетот на Југоисточна Европа ја интегрира вештачката интелигенција во наставата и во научно-истражувачката работа, а на студентите им овозможува да стекнат дигитални компетенции и ги прави конкурентни на пазарот на труд, рече Јаневска.

Таа упати порака – без оглед дали ќе продолжат на магистерски студии или стекнатото образование ќе го применат во професионална средина, треба да покажат дека се генерација млади кои се подготвени да понесат одговорност и да придонесат во градењето заедница што се темели на знаење, интегритет и посветеност. 

Реклама

-Во вашиот успех, удел имаат и вашите родители или старатели, а посебна заслуга оди кај професорите, кои ви беа ментори низ студиските програми и ви помогнаа да развиете способности, да стекнете самодоверба и да изградите вредности што ќе ве водат низ професионалниот и личниот живот, укажа министерката. 

Taa се заблагодари на професорите што градат компетентни кадри и што ги поддржуваат заложбите на Владата за унапредување на научната работа, како услов за напредок на државата. 

-Професорите дадоа значаен придонес и во подготовката на новата законска рамка за високото образование и науката, рече министерката Јаневска.

Воедно, Јаневска побара сите чинители и натаму да продолжат да работат заедно на реализација на новите решенија, доколку сакаме да се подигне институционалниот капацитет и научната продукција на универзитетите.