Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Јаневска: Најмалку 60 проценти покачување на платите за наставниците во четири години, доколку дозволи буџетот ќе има и повеќе

Најмалку 60 проценти покачена плата ќе имаат наставниците во четири години. Со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најмалку 60 проценти покачена плата ќе имаат наставниците во четири години. Со договорот што Владата го потпша со СОНК се дефинирани покачувањата за секоја од четирите години, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска на собраниската седница посветена на пратенички прашања.

Пратеничката Драгана Бојковска постави прашање за платите на наставниците упатено до премиерот Христијан Мицкоски, кој одговорот  ѝ  го препушти на ресорната министерка.  

Како што рече таа, во договорот децидно се напишани процентите и оти во првата година просветните работници добиле 12 проценти покачување, во втората и третата од 7,5 до 10 проценти и последната ќе добијат од 10 до 12 проценти. 

Реклама

-Дражавата и натаму ќе води сметка за наставниците, тие се исклучително важни. Доколку така како што предвидува оваа влада економијата се придвижува нагоре, овие проценти секогаш може да се зголемат, без оглед што ние сме ги потпишале. Ова е минимумот кој тие ќе го добијат. Доколку буџетот дозволува, секогаш може да добијат повеќе од овој минимум, истакна Јаневска. 

Ја нагласи клучната улога што наставниците ја имаат за квалитетно образование и дека Влада им посветува особено внимание на наставниците не само со тоа што добиваат повисока плата, туку овозможувајќи им и разни бесплатни обуки, курсеви и доедукација за кариерен развој во согласност со новите трендови и начини на настава. 

Посочи дека наставниците имаат и разни додатоци на платата загарантирани со колективниот договор и дека за таа цел се распишани конкурси за унапредување во ментор, за советник, имаат додаток за класен раководител, додаток за работа во рурални средини итн. 

-Од доаѓањето на оваа Влада до сега се вложени 700 илјади евра за едукација на наставниците и продолжуваме понатаму со нивно образование и тренинзи на разни теми … Државата  води сметка како наставниците да имаат поголеми примања, сега имаат можности на други начини да си ја зголемат платата, истакна министерката.