Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Јаловиштето кај Злетово ќе се санира и претвори во зелена зона

Од еколошка бомба до зелена оаза, старото јаловиште од рудникот „Злетово”, кое…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од еколошка бомба до зелена оаза, старото јаловиште од рудникот „Злетово”, кое со децении се смета за еколошка закана за Пробиштип и околината, конечно ќе добие трајно решение. Општината подготви проект за санација на старата хидројаловишна депонија, во која со години се таложел отпад од преработката на оловно-цинковата руда. Со реализација на проектот трајно ќе се затвори едно од најсериозните еколошки прашања во регионот.

  „За почеток ќе започнеме со одводнување на старото јаловиште, понатаму ќе продолжиме со дел насипување, дел со поставување на геосинтетска глина или мембрана која нема да дозволи водата повторно да влегува во него и ќе продолжиме со рекултувација, односно посипување на хумус на косините и на рамниот дел на јаловиштето„ изјави градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски.

Во минатото, имаше иницијатива на просторот да се постават фотоволтаични панели, но  сегашната локалната власт размислува за поинаква иднина на оваа локација. По санација и рекултивација јаловиштето би можело да прерасне во зелена оаза со паркови, детски игралишта, спортски терени или пак комерцијална зона. Сепак, конечната одлука ќе ја дадат граѓаните на Пробиштип. Од наредната недела ќе започне анкета преку која жителите ќе можат да го кажат своето мислење за идната намена на просторот.

Реклама

   „Имаше еден проект, односно иницијатива за измена на планската документација, за поставување на фотоволтаици. Јас како градоначалник лично не се согласувам со тоа, бидејќи се работи за непосредна близина на градско подрачје. Меѓутоа за тоа ќе ги прашаме граѓаните„ изјави градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски.

Јаловиштето на рудникот „Злетово”е формирано во 1937година и денес зафаќа површина од околу 50хектари. Во него, како резултат на повеќедецинска преработка на рудата, се депонирани повеќе од 10милиони кубни метри отпад. Анализите покажале дека отпадот содржи олово, цинк, кадмиум и други тешки метали, кои преставуваат потенцијален ризик за здравјето на луѓето и животната средина. 

Александра Ристевска