Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Јакупоски и Болук разговараа за унапредување на соработката

Делегација на Општина Борнова, Република Турција, предводена од заменик-градоначалничката, Дујгу Болук, која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на Општина Борнова, Република Турција, предводена од заменик-градоначалничката, Дујгу Болук, која престојува во посета на Општина Маврово и Ростуше, оствари средба со градоначалникот Онер Јакупоски, како и со членовите на општинскиот совет.

-Посетата на високата делегација од регионот на Измир претставува значаен чекор напред во продлабочувањето на соработката помеѓу двете општини. Во текот на средбата, која помина во срдечна и конструктивна атмосфера, беа разменети искуства за функционирањето на локалните самоуправи а беа разгледани можностите за идна заедничка реализација на проекти од јавен интерес, информираа од Општината.

На средбите била нагласена потребата од интензивирање на меѓусебната соработка во области за што постои голем потенцијал, како, како што се културата и традицијата, економијата и туризмот, како и реализација на иницијативи за поврзување на учениците и младите преку образовни и спортски активности. 

Реклама

-За нас пријателството со Република Турција и конкретно со Општина Борнова е од исклучително значење. Нашите врски се многу подлабоки од обична административна соработка, тие се темелат на заедничка историја, вредности и искрена почит. Денеска потврдивме дека сме подготвени да преминеме во фаза на поактивна соработка, која ќе донесе конкретни придобивки за нашите жители, посочи градоначалникот Јакупоски.

Заменик-градоначалничката на Борнова, Болук, изрази голема благодарност за топлото гостопримство и ја истакна подготвеноста на нејзината општина да ги отвори вратите за понатамошни заеднички иницијативи.

Таа потенцираше дека Маврово и Ростуше со својата уникатна природа и гостопримливост, претставуваат инспиративен партнер за Општина Борнова, чија делегација присуствуваше и на вчерашната свеченост по повод одбележувањето на денот на Општина Маврово и Ростуше.