Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

ЈУ Национален парк „Пелистер“ над село Маловишта гради објект за мониторинг

Екипи на ЈУ Национален парк „Пелистер“ со поддршка на поединци и компании…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Екипи на ЈУ Национален парк „Пелистер“ со поддршка на поединци и компании градат објект за мониторинг и за времен престој на посетители на планината Баба, до црквата Св. Спас над селото Маловишта.

Од ЈУ Национален парк „Пелистер“ информираа дека деновиве и за време на викендот со висок интензитет се одвивале работните активности за поставување на новиот објект до црквата на надморска височина од 1.886 метри.

– Активностите се реализираа на исклучително тежок терен, под врвот Вртушка, до која за транспорт на потребните материјали и алат се користеа коњи со кои беа пренесени греди, камен и други потребни делови за објектот. За време на викендот ја подигнавме рамката на објектот, а ќе продолжиме и со другите проектирани активности, информира Иванчо Тошевски, директор на ЈУ Национален парк „Пелистер“ Битола.

Реклама

Врвот Вртушка заедно со цквата Св.Спас се едни од најпосетуваните места во НП Пелистер во текот на целата година. Примарно објектот ќе биде во функција на сите посетители, а дополнително е планирано истиот да се користи и за поставување на опрема од страна на НП Пелистер во функција на заштита на природата и мониторинг.