Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Македонија

ЈУ Национален парк „Пелистер“ гради нов објект до црквата Св. Спас на планината Баба

ЈУ Национален парк Пелистер во соработка со локалното население од селото Маловишта…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ЈУ Национален парк Пелистер во соработка со локалното население од селото Маловишта и со поддршка на други физички и правни лица, во текот на изминатиот викенд почна со подготвителни активности за изведба и поставување на нов објект веднаш до црквата Св.Спас (1886 мнв) која се наоѓа под Врв Вртушка (2010 мнв).

Врвот Вртушка заедно со цквата Св.Спас се со прекрасен видик и едни од најпосетуваните места во Националниот парк Пелистер и тоа во текот на целата година, информираа од таа јавна установа.

-Примарно објектот ќе биде во функција на сите посетители, а дополнително е планирано истиот да се користи и за поставување опрема од страна на ЈУ Национален парк Пелистер во функција на заштита на природата и мониторинг на видови. Во текот на изминатиот викенд се вршеше транспорт на потребна граѓа со помош на анимали до самата локација на 1886 метри надморска височина, информира Иванчо Тошевски, директор на ЈУ Национален парк „Пелистер“-Битола.

Реклама

Работните активности ќе продолжат и во текот на претстојните викенди. Со цел побрза реализација на предвидените активности, од Установата упатија јавен повик до сите планинари, љубители на природата и до сите верници кои се во можност да земат активно учество во работните активности.