Реклама

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Гостиварци може да здивнат – добија технички исправна вода

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Македонија

Ѓорѓиевски: Величетврток е ден за хуманост, поделени над 300 оброци

Величетврток е ден за хуманост. Ден кога сме најпотребни таму каде што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Величетврток е ден за хуманост. Ден кога сме најпотребни таму каде што болката и потребата се најголеми. Денеска заедно со Тони Станковски, претседател на Здружението на граѓани за помош на бездомни и социјално загрозени лица, поделивме повеќе од 300 оброци, носејќи барем малку топлина и грижа во нечие секојдневие, соопшти скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук.

– Грижата за бездомните лица е мерка на човечноста на едно општество. Токму таму каде што е најтешко, каде што недостигаат основни услови за живот, се покажува вистинската вредност на солидарноста – се додава во објавата.

Ѓорѓиевски истакнува дека посветеноста не застанува тука.

Реклама

– Од стапувањето на мојата функција, вработивме десеттина бездомни лица кои веќе го пронајдоа својот мир и добија кров над глава – нов почеток, нова надеж. Како градоначалник, но, пред сѐ како човек, ќе го дадам и последниот атом од себе за да обезбедиме подобри услови за сите, за да има што помалку вакви судбини и што повеќе достоинствени животи. Секој човек заслужува достоинствен празник. А јас, заедно со мојот тим, секогаш ќе бидеме тука да подадеме рака, да донесеме надеж и што повеќе насмевки и среќа – пишува во објавата.