Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

Ѓорѓиевски: Скопје застанува на нозе и влегува во голема инвестициска офанизва

Град Скопје застанува на нозе, а најдоброто допрва доаѓа. Градоначалникот Ѓорѓиевски вели…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Град Скопје застанува на нозе, а најдоброто допрва доаѓа. Градоначалникот Ѓорѓиевски вели дека Градот излегува од долговите и најавува амбициозен инвестициски план. За прв пат по долги години Скопје има повеќе пари, отколку обврски.

„Тоа ни овозможи да тргнеме во најголемата инвестициска офанзива досега“, изјави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Се градат нови  булевари, паркови, реконструкција на училишта, а во најава е современ Луна Парк, изградбата на проектот БРТ кој треба да ги поврзе Карпош со Ново Лисиче и Радишани со Драчево, новата подземна сообраќајница кај Лимак.

Реклама

„Големи вложувања се прават во образованието: изградени се спортски терени во шест средни училишта, обезбедени се 60 милиони денари за реконструкции, прочистувачи за воздух во секоја училница, целосна дигитализација, 86 милиони денари за енергетска ефикасност, лаптоп за секој првенец на генерација, воведување униформи за прва година, летни кампови за ранливи категории и целосно бесплатна психолошка поддршка за сите ученици – за првпат во историјата на Град Скопје. Во инфраструктурата се откочени клучни проекти што со години стоеле заглавени“, изјави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Целосна модернизација и нормализирање на градскиот сообраќај преку проектот Сејф Сити. Како што посочи тој, во напредна фаза се и преговорите за експропријација на објектите на булевар „Борис Трајковски“, за чиј завршеток се веќе обезбедени средства, со што оваа клучна артерија конечно ќе функционира нормално. во тек е набавката и  нови специјални возила за Комунална хигиена, Паркови и Зеленило, ЈСП и Градски паркинг. Се откочи и најголемиот еколошки проект во историјата, пречистителната станица за отпадни води, вредна околу 185 милиони евра.  Ѓорѓиевски апелираше до граѓаните и компаниите во наредните 15 дена да ги подмират сите обврски по основ на данок на имот за периодот од 2022 до 2025 година.