Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје доби нов уреден спортски комплекс на кејот на реката Вардар

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска заедно со министерот за спорт…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, ги пуштија во употреба обновените спортски терени на кејот на Вардар, простор кој повторно станува место за живот, рекреација и спорт.

Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук посочува дека кејот на Вардар е еден од неговите клучни приоритети. Нагласува дека уште од првите денови по преземањето на функцијата градоначалник почнал со темелно чистење и уредување, со што конечно реката повторно тече низ своето природно и нормално корито.

-Денес, овој простор добива нов лик и јасна визија, функционален, модерен и жив јавен простор отворен за сите граѓани. Реконструирани се спортските терени за фудбал, одбојка на песок и баскет, се поставува нова урбана опрема, а се создаваат и современи фитнес-зони на отворено кои ќе бидат место за рекреација и здрав живот. Во рамките на проектот опфатени се и спортските терени во Маџир Маало, кои целосно ќе се унапредат и повторно ќе бидат ставени во служба на заедницата, напиша Ѓорѓиевски.

Реклама

Тој информира дека на овој потег ќе се уреди и современа градска плажа кое ќе биде безбедно, чисто и достапно катче за одмор, спорт и дружење, кое ќе внесе нова енергија покрај реката и ќе го доближи Скопје до современите европски урбани стандарди.

Посочува дека инвестирањето во спортот значи инвестирање во здрави навики, во здрави млади генерации и во силно општество.

– Искрена благодарност до министерот Борко Ристовски за поддршката и партнерскиот пристап. Токму преку ваква соработка се реализираат проекти кои носат вистинска вредност за граѓаните. Ова, почитувани, е само почеток. Нашата визија е рамномерен развој, еднакви можности и активен, здрав живот за секој скопјанец, без разлика каде живее. Најдоброто, доаѓа!, напиша градоначалникот Ѓорѓиевски.