Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Ѓорѓиевски од Брисел: Интеграцијата во ЕУ останува стратешки приоритет на Македонија, а општините имаат клучна улога и во евроинтеграцискиот процес

Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска престојува во посета на Брисел, каде што се одржува седницата на Заедничкиот консултативен комитет при Европскиот комитет на регионите, тело за соработка на македонските општини со локалните власти на земјите од ЕУ, каде што ќе има и свое обраќање. Како што посочува Ѓорѓиевски на социјалните мрежи, на овој […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска престојува во посета на Брисел, каде што се одржува седницата на Заедничкиот консултативен комитет при Европскиот комитет на регионите, тело за соработка на македонските општини со локалните власти на земјите од ЕУ, каде што ќе има и свое обраќање.

Како што посочува Ѓорѓиевски на социјалните мрежи, на овој форум присуствуваат претставници на локалната и регионалната власт од земјите членки на Европската Унија, како и од земјите кандидатки за членство.

Седницата, како што напиша во објавата, претставува можност за размена на искуства, зајакнување на соработката меѓу општините и дискусија за предизвиците поврзани со процесот на европска интеграција, со посебен фокус на улогата на локалната власт во овој процес.

Реклама

– Интеграцијата во Европската Унија останува стратешки приоритет на Македонија, а општините имаат клучна улога и во евроинтеграцискиот процес и во спроведувањето на реформите. Тие се директни партнери во приближувањето на локалните стандарди кон европските и во исполнувањето на агендата за интеграција. Во тој контекст, дискусиите ги насочивме кон патот до членство, продолжувањето на реформите и зајакнувањето на улогата на локалната власт како важна алка што ја приближува нашата земја кон европското семејство – нагласува градоначалникот Ѓорѓиевски.