Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Ѓорѓиевски: Очекуваме понуда, цена и временски рок за поправка на Жичницата

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска изјави дека Јавното сообраќајно претпријатие…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска изјави дека Јавното сообраќајно претпријатие и градот ја очекуваат понудата за сервисирање и дефектажа на Жичницата на Водно, која по контрола од страна на компанијата изведувач било констатирано дека е во катастрофално лоша состојба.  Засега не може да каже за колку време ќе се направат овие поправки на Жичницата и кога таа повторно би била ставена во функција и оти веднаш штом бидат добиени понудата, цената и временскиот рок за колку би се сработило јавноста ќе биде информирана.  

– Нема ништо повредно во Скопје и во Македонија од човечкиот живот, а состојбата во која се наоѓаме во моментов се однесува на неодговорното однесување на моите претходници. Јас како што наведив за дел од медиумите, а еве денеска и за сите вас присутните, имавме контрола од страна на компанијата Допелмаер, која што е и изведувач на жичарата за првпат откако жичарата е поставена во Градот Скопје, во подножјето на Водно, по која што инспекција е констатирано дека Жичарата се наоѓа во катастрофално лоша состојба и дека има многу недостатоци кои треба да бидат сервисирани во наредниот период заедно во соработка со директорот на ЈСП Саше Илиески веќе побаравме понуда да видиме колку ќе го чини јавното претпријатие и Градот сето она што би значело целосна дефектажа и враќање на Жичарата во состојба во која што јас ќе бидам пред се сигурен дека секое дете, секој граѓанин на Градот Скопје ќе биде сигурен кога ќе ја користи истата, рече градоначалникот Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека нам не ни треба ново Кочани или каква било трагедија после која што ќе треба да се освестуваме одново и да делуваме.

Реклама

– Нас ни требаат акции веднаш и сега во којшто во преден план ќе бидат секогаш граѓаните, рече градоначалникот.  

Жичницата, како што кажа тој, ќе биде затворена до оној момент додека не биде целосно во функција и сработена дефектажата за да може граѓаните безбедно да ја користат.

– Јас немам точна инфоамција бидејќи имаме побарано и финансиска пресметка од компанијата Допелмаер, но ќе треба и план на активностите да ни достават. Веднаш штом ги добиеме понудата, цената и временскиот рок за колку би се сработило, веднаш ќе ја информираме јавноста – рече градоначалникот на Скопје. 

Во однос на жичницата до Детската клиника, Ѓорѓиевски кажа дека се во комуникација со Министерството за транспорт и врски и со претседателот на Владата и дека има апсолутна поддршка од Владата и премиерот и верува дека во ребалансот на Буџетот ќе влезе и втората фаза од изградбата на Жичарата од делот од Козле до Средно Водно.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: