Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Ѓорѓиевски на 42. Маџирмаалски средби: Маџир Маало е едно од најстарите и најавтентични скопски маала, култно место од кое зрачи посебна енергија и топлина

Маџир Маало е едно од најстарите и најавтентични скопски маала, култно место…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Маџир Маало е едно од најстарите и најавтентични скопски маала, култно место од кое зрачи посебна енергија и топлина. Тука се чувствува Скопје во својот полн сјај, со својата историја, маалски дух и неповторлива хемија што ги поврзува луѓето, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук, кој денеска присустувал на 42. Маџирмаалски средби. 

-Огромна чест ми беше што бев поканет да присуствувам на Маџирмаалските средби, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски и колегата Горан Герасимовски. Речиси половина век овие средби успешно се организираат и претставуваат жив доказ дека традицијата, кога се негува со љубов, трае и обединува генерации, нагласи Ѓорѓиевски.

Фотографиите може да ги погледнете на следниот линк:

Реклама

Тој истакна дека во рамки на настанот се одржала и ревијален натпревар помеѓу Град Скопје и Општина Центар, пријателска, но исполнета со спортски дух и позитивна енергија, токму во стилот на маалските вредности што ги славиме

-Посакувам уште многу години да продолжат овие собири да ја чуваат традицијата, да го негуваат маалскиот дух и да го потсетуваат Скопје на неговите корени. Честа беше моја, истакна Ѓорѓиевски.