Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје го гради својот најголем еколошки штит

Изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Скопје, еден од најзначајните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Скопје, еден од најзначајните инфраструктурни и еколошки проекти во државата, се одвива со забрзана динамика, а досега се реализирани речиси 40 проценти од градежните работи.

Станува збор за најголемиот и најсовремен еколошки проект во Македонија, кој опфаќа изградба на околу 60 објекти и има за цел трајно да го намали загадувањето на реката Вардар преку третман на отпадните води.

Од Град Скопје посочуваат дека по почетниот застој, предизвикан од незавршени административни процедури, неусвоени детални урбанистички планови, нерешена експропријација на земјиштето и задоцнети плаќања кон изведувачот, реализацијата сега се одвива согласно предвидената динамика.

Реклама

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски оцени дека станува збор за проект од историско значење за главниот град.

-Пречистителната станица е нашиот најголем еколошки штит и проект од историско значење за Скопје. Со нејзината изградба ќе ставиме крај на долгогодишното загадување на Вардар со непречистени отпадни води и ќе создадеме поздрава и побезбедна животна средина за сегашните и за идните генерации, истакна градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Согласно договорот склучен меѓу ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и изведувачот, завршувањето на градежните активности е предвидено во првата половина на 2028 година. Потоа ќе следуваат две години пробна работа, која треба да заврши во првата половина на 2030 година.

Реализацијата на овој капитален проект значи почист Вардар, поздрава животна средина, повисоки еколошки стандарди и посигурна иднина за генерациите што доаѓаат.