Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Балкан

Штрајк на цариниците – грчките граници утре ќе бидат затворени од 5 до 9 часот, патнички возила ќе се пуштаат на 10 минути

Цариниците во Грција утре ќе штрајкуваат, а границите ќе бидат затворени вкупно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цариниците во Грција утре ќе штрајкуваат, а границите ќе бидат затворени вкупно четири часа. Од 5 до 9 часот по македонско време (од 6 до 10 часот по грчко време), сите гранични премини ќе бидат затворени. Штрајкот директно ќе ги опфати трите клучни гранични премини меѓу двете земји: „Евзони“ („Богородица“), „Дојрани“ (Дојран) и „Ники“ (Меџитлија).

За време на четиричасовната блокада, патничкиот сообраќај ќе се одвива под строг режим, додека за камионите и товарните возила ќе има целосна блокада за влез и излез од Грција.

„Во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време (06:00–10:00 часот по грчко време), на наведените гранични премини патничките возила ќе се пропуштаат на секои 10 минути, додека товарниот сообраќај ќе биде целосно во прекин за влез и излез од Република Грција. Од страна на МВР ќе се преземат сите мерки и во функција ќе бидат ставени сите човечки и технички капацитети“, соопшти МВР.

Реклама