Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Шведско-македонската стопанска комора отвори канцеларија во Кисела Вода

Шведско-македонската стопанска комора официјално ја отвори својата нова канцеларија во населбата Црниче,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шведско-македонската стопанска комора официјално ја отвори својата нова канцеларија во населбата Црниче, во Општина Кисела Вода, со цел да ја зајакне економската соработка меѓу Македонија и Шведска.

На свеченото отворање, што се одржа синоќа, присуствуваа градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, извршниот директор на комората, Самуил Наумовски Викиус, како и претставници на бројни домашни компании.

Зад комората стојат 35 етаблирани шведски компании, кои имаат за цел да создадат силен економски мост меѓу двете земји, да поттикнат нови деловни партнерства и да отворат можности за пласман на македонските компании на нови пазари. Големиот интерес од домашниот бизнис-сектор на отворањето, според организаторите, е показател за потенцијалот за интензивирање на економската соработка.

Реклама

-Фактот што Шведско-македонската стопанска комора ја отвора својата канцеларија токму кај нас, потврдува дека како општина создаваме поволна бизнис клима препознаена од меѓународната заедница. Нашата намера е да бидеме силна поддршка на овој економски мост. Преку континуирана модернизација на услугите и поддршка на малите и средни претпријатија, обезбедуваме основа за привлекување нови инвестиции, кои ќе донесат нови работни места и одржлив економски раст- истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.