Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Шасивари: Холандија е силен партнер во градењето ефикасен и независен правосуден систем

Правдата мора да биде видлива, ефикасна и еднакво достапна за сите. Затоа,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Правдата мора да биде видлива, ефикасна и еднакво достапна за сите. Затоа, реформите во правосудството не се само европска обврска, туку наша одговорност кон граѓаните, рече министерот за правда, Јетон Шасивари на денешната средба со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел.

На средбата, како што информира Кабинетот на Шасивари, беше потврдена заедничката определба за интензивирање на соработката во спроведувањето на реформите во правосудството и зацврстувањето на владеењето на правото.

– Поддршката од Кралството Холандија е значаен поттик во овој процес, преку бројни проекти придонесува за јакнење на владеењето на правото, поголема отчетност и транспарентност на правосудните институции, поддршка на Академијата за судии и јавни обвинители, како и за реформите во пенитенцијарниот и пробацискиот систем, истакна министерот.

Реклама

Според него, соработката меѓу двете држави во областа на меѓународната правна помош се одвива на високо професионално ниво.

-Министерството за правда останува цврсто определено за спроведување на суштински реформи, јакнење на независноста и интегритетот на правосудниот систем и продлабочување на партнерството со државите кои активно го поддржуваат европскиот реформски процес на земјата, наведуваат од Кабинетот на Шасивари.