Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Шасивари: Реформите во правосудството добиваат силна поддршка од ОБСЕ

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со амбасадорот Килиан Вал, шеф…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Русудан Табатаџе, шефица на Одделот за владеење на правото и човекови права при Мисијата на ОБСЕ, информираат од Министерството за правда.

На состанокот бил направен осврт на досегашната соработка во подготовката на реформските закони и на активностите за спроведување на Развојната секторска стратегија за правосудството 2024–2028.

Министерот Шасивари изразил благодарност за континуираната експертска и техничка поддршка што Мисијата на ОБСЕ ја обезбедува во спроведувањето на реформите во правосудството, особено во процесот на подготовка на новиот Кривичен законик и новиот Закон за кривичната постапка.

Реклама

Во рамките на средбата, на министерот Шасивари му била врачена покана за учество на меѓународната конференција „Организиран криминал во затворите“, во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, која ќе се одржи на 2 и 3 септември во Скопје. На конференцијата ќе учествуваат министри, амбасадори, меѓународни и домашни експерти, како и претставници на релевантни институции, при што ќе се дискутира за предизвиците и најдобрите практики во справувањето со организираниот криминал во казнено-поправните установи.

Долгогодишното партнерство со ОБСЕ има големо значење за Министерството за правда во креирањето современа и квалитетна законска рамка, усогласена со европските стандарди.

Успешната соработка, најавуваат оттаму, ќе продолжи и во наредниот период, во интерес на понатамошното јакнење на владеењето на правото и правосудниот систем.