Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Хоџа на терен во Сингелиќ: Во тек е реализација на значаен проект за регулација на каналот

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска изврши увид во градежните работи за регулација на одводниот канал во населеното место Сингелиќ, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање. 

 Министерството, се додава во соопштението, инвестира 21 милион денари во овој проект, а градежните активности на терен се веќе во напредна фаза со бетонирање на коритото со цел трајна заштита од поплави. Овој канал, додаваат оттаму, е клучен дел од хидромелиоративниот систем за одводнување „Скопско Поле“ и прифаќање на атмосферските води.

 -МЖСПП спроведува инфраструктурна офанзива низ целата држава.  На овој начин ги поставуваме темелите за вистински зелен пресврт”, изјавил министерот Хоџа и дополни дека во тек е подготовка и на четири други значајни проекти со кои се модернизира комуналната инфраструктура на општина Гази Баба.

Реклама

-Министерството за животна средина и просторно планирање останува посветено на системско решавање на децениските проблеми на граѓаните  и подигнување на квалитетот на животот во секое населено место – се додава во соопштението.