Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Холандија го губи трпението со кандидатот Македонија: Измените на КЗ може да ја прелијат чашата

Кривичниот законик и хаосот во правосудството можна причина за Холандија да крене…

Сподели:

Кривичниот законик и хаосот во правосудството можна причина за Холандија да крене рампа за почеток на преговорите со Македонија. Земјата која е позната по тоа што од земјите кандидати бара стрикно почитување на правото, освен што ги симна ракавиците и сериозно го критикуваше хаосот во правосудството, сега изразила сериозна загриженост за измените на кривичниот законик. Тоа го признава дури и вицепремиерот за европски прашања Маричиќ, кој вели дека покрај реакцијата на Европската комисија, Холандија и билатерално реагирала до Владата.

Имав контакт со холандскиот амбасадор и со претставници од Хаг. Изразија загриженост и рекоа дека натаму ќе ја следат ситуацијата. Ништо повеќе од тоа што се најде во  соопштението на Европската комисија.  Ние сме во комуникација, Холандија беше, да речам, единствена која реагираше и директно, билатерално, а останатите преку ЕК“, рече Бојан Маричиќ – вицепремиер за европски прашања

За измените на КЗ покрај загриженоста на ЕК и изјавата на евроамбасадорот Гир за лепење на европското знаме на законот, и американсакта амбасадорка Агелер рече дека будно ќе ја следеле ситуацијата.

Реклама

Токму загриженоста на Холандија, која претходно преку својот амбасадор повлече  проект во вредност од милион евра за зајакнување на ефикасноста, отчетноста и транспарентноста на Судскиот Совет, ги загружува и македонските аналитичари.

Марко Трошановски за Алфа вели дека борбата за корупција моментално во Македонија отсуствува и може да биде причина пак да останеме во ЕУ чекалницата.

Без автентична посветеност која моментално целосно отсуствува, било какви европски преговори нас нема да ни ги подобрат нештата. Секако дека овие состојби се аргумент на било која идна влада, не само холандската, туку и на било која земја членка да го запре нашето преговарање со замерка дека не постои владеење на правото. Во суштина овде е најапликативна онаа фраза дека сами себе се блокираме, вели за Алфа, Марко Трошановски – претеседател на институт за демократија Социетас Цивилис.

Ова не е прва критика од Холандија кон Македонија, особено за делот на корупција и владеење на правото во државата. Пред само 5 месеци холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан потсети дека единствената причина поради која Холандија се согласила со одлуката за почеток на  пристапни преговори на Македонија со ЕУ,  било токму гарантирањето дека ќе се процесуираат предметите на поранешното СЈО. 

Претходно Холандија стави вето за влез на Бугарија и Романија во шенген-зоната баш заради корупција и криминал, а од истите причини претходно стави и вето на Албанија за кандидатски статус.